-0.2 C
Скопје
00:44 - 19 декември, 2024

Хеликоптерот на Коби имaл три сериозни недостатоци

Неколку дена после смртта на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум луѓе во хеликоптерска несреќа во Калабасас во Калифорнија почнаа да излегуваат неколку околности под кои се случи оваа трагедија.

Американскиот „Си-Ен-Ен“ наведува дека „Сикорски С-76“, хеликоптерот во кој леташе Брајант (сопствеништво на „Ајленд експрес“) немаше систем за скенирање на теренот и за предупредување (TAWS), што е препорачано уште пред 14 години.

Во кокпитот немаше снимач на глас, ниту било овозможено снимање на податоци за летот, велат од Националниот одбор за безбеден транспорт.

Не е сигурно дали овој систем ќе спречеше хеликоптерот да се удри на ридот поради густа магла, но веројатно ќе ја намалеше можноста за тоа.

TAWS служи за алармирање на пилотите кога се во опасност да удрат на тлото, додека снимачите им помагаат на истражителите да ги откријат важните околности на падот.

Она што е исто така непознато е дали на пилотот му била дадена специјална дозвола да лета во магливи услови.

Сепак, за сите хеликоптери кои превезуваат шест или повеќе лица, препорачана е инсталацијата на TAWS системот уште од 2006 година, што е покрената по несреќата во 2004 година во која загинаа десет лица.

Националниот одбор за безбедност нема можност да постави нови правила засновани врз препораки, бидејќи тоа е надлежност на Федералната администрација за авијација.

Федералната администрација го постави ова правило за сите болнички хеликоптери, но не и за оние во кој леташе Брајант. Инсталирањето на споменатиот систем на хеликоптерот на Коби или на некој сличен би чинел околу 42000 илјади долари.

„Сикорски“ во кој се наоѓаше Брајант беше направен во 1991 година, многу рано уште пред препораките за системот за безбедност на TAWS. Истиот производител започна да го вградува уште во 2005 година.

Дополнителен проблем и безбедносен недостаток е фактот дека снимачите не се ни законски задолжителни, така што во наредните денови за сето наведено ќе се дискутира во САД и особено за Федералната администрација за авијација.

Овие снимачи порано беа гломазни и тешки, но сега заземаат значително помалку простор и тежат околу два килограми. Од „Ајленд Експрес“ одбија да коментираат зошто снимачите не биле во хеликоптерот во кој загинаа девет лица.

The post Хеликоптерот на Коби имaл три сериозни недостатоци appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....