-3.2 C
Скопје
05:38 - 23 декември, 2024

Хаос во МВР: Пасошите доцнат, возачките по итна постапка, а граѓаните „заглавени“

„Заглавени“ граѓани на кои им пропаѓаат работните ангажмани во странство и испланираните приватни патувања – ова е резултатот од застојот и доцнењето во Министерството за внатрешни работи во изготвувањето на патната исправа.

Законот за патна исправа брутално се крши. Според него, ако некој аплицира за пасош во редовна процедура треба да го добие документот за 15 работни дена. Овој рок, не само што се пречекорува, туку проблем е и самото закажување термин. На телефонскиот број 072 92 92 92 никако не може да се закаже за пасош. Се чека по околу 5 минути од повик, по што линијата автоматски се прекинува и така – со часови.

Членот 36 од Законот за патна исправа предвидува патна исправа да се издаде 15 дена од денот на поднесувањето на барањето со доставена потребна документација. Ако барателот писмено побара пасошот да биде изготвен по итна постапка, тој треба да биде готов за 48 часа. Но, ова е само на хартија. Во пракса, граѓаните кинат нерви и немаат механизам каде да се жалат.

– Имам аплицирано за пасош, на 22 јануари, по регуларна постапка. Во моментот не можат да ми издадат пасош, зашто немаат и ги даваат само по итна постапка. Пасошот ми треба за излез од државата на подолг период. Итно ми е! Веќе 21 ден има од аплицирањето, а ми истекува на 22 месецов. Последниот одговор од нив е да дојдам да си го земам во април, што е многу долг период. Барем да можеше од регуларна постапка да се промени во итна постапка, со доплата или уплата на целосна сума – се жали скопјанка.

Слична судбина има и професионалниот возач кого го контактиравме, а кој не може да си ја продолжи возачката дозвола по редовна постапка. Му кажале дека наредните два месеци нема слободен термин за да се извади личниот документ по редовна постапка, туку дека ќе мора да го стори тоа по итна постапка.

– Немав избор, велат пребукирано било за по редовна постапка. Односно, имало термин, ама за 26 април. Јас сум професионален возач и имам закажано неколку екскурзии во наредниов период во Европа, ќе носам ученици. Ако не аплицирав за по итна постапка, ќе ми истечеше важноста на возачката и немаше да можам да ја вршам својата професионална дејност. Платив за возачка по итна постапка, 1.300 денари и веднаш ми најдоа термин – додава тој.

Без лична карта, граѓаните не можат ниту да аплицираат за да си го продолжат пасошот, но не можат ниту да подигнат лекови од аптека. Причината за хаосот во МВР е тоа што овој период се поклопува со големата промена на лични карти пред десет години, кога многумина беа принудени да ги сменат и тогаш важечките.

Сега, сите тие лични карти истекуваат во исто време, а гужвата е голема. Кон средината на март ќе стигне пратката со пластични материјали за лични документи, а на нив ќе пишува „Република Македонија“. Документите со „Република Северна Македонија“ ќе се издаваат од септември.

The post Хаос во МВР: Пасошите доцнат, возачките по итна постапка, а граѓаните „заглавени“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....