12.8 C
Скопје
00:54 - 29 април, 2024

Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени на вести во живо (ВИДЕО)

Полицијата во Белорусија приведе околу 100 лица, демонстранти и новинари, во знак на протест против кампањата за реизбор на претседателот Александар Лукашенко.

Опозициските кандидати собираа потписи од приврзаниците во главниот град Минск, пред полицијата да интервенира, пренесува РСЕ.

Александра Динко, известувач за белоруската служба на Радио Слободна Европа, беше приведена додека ги пренесуваше вестите во живо, заедно со снимателот Андреј Рабичик.

Групата за човекови права „Вјсна“ објави дека за време на протестот биле уапсени најмалку 120 лица низ целата земја, а некои од нив се ослободени.

Претходно, белоруските власти го уапсија водечкиот кандидат на опозицијата, Виктор Бабарик, под сомнение за финансиска измама.

Некои опозициски активисти, новинари и блогери исто така се уапсени во последните неколку недели.

Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат во август, а досегашниот претседател Александар Лукашенко се кандидира за шести мандат.

The post Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени на вести во живо (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени на вести во живо (ВИДЕО) was first posted on јуни 20, 2020 at 5:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....