22.8 C
Скопје
12:34 - 20 мај, 2024

Груевски земал пари на рака, тврди сведокот во „Талир“, Сиљан Мицевски

На барање на Обвинителството, битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски, денеска сведочеше во случајот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, преку фалсификувани уплатници.

Бизнисменот Мицевски, кој во медиумите стана познат и по делото „Меѓународен сојуз“, каде првообвинет е Бојан Јовановски, во судницата откри дека му дал десет илјади евра на рака на поранешниот претседател на партијата Никола Груевски. Тој додаде дека, не по негова волја, финансирал и спортски клубови, односно дека му било кажано да донира илјадници евра на КК МЗТ-Скопје.

Сведокот на обвинителката Ленче Ристовска, Мицевски, нагласи дека ја финансирал и кампањата на СДСМ.

Инаку, во случајот Талир обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ, чиј имот е замрзнат.

The post Груевски земал пари на рака, тврди сведокот во „Талир“, Сиљан Мицевски appeared first on Слободен печат.


Груевски земал пари на рака, тврди сведокот во „Талир“, Сиљан Мицевски was first posted on септември 9, 2020 at 2:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....