25.8 C
Скопје
17:14 - 28 април, 2024

Грција со оценка за нова провокација: Турскиот брод „Оруч Рејс” се враќа во Источен Медитеран

Турција издаде нова навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс” во Источниот Медитеран од денеска до 22 октомври. Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на неговиот официјален Твитер профил кусо напиша: „Оруч Рејс”.

„Навтекс“, според грчките медиуми, опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, јужно од островите Родос и Кастеоризо, односно речиси во истиот дел како и навигациските информации издадени за истиот брод во август.

Медиумите во Грција коментираат дека овој потег на Турција претставува нова провокација и ги минира закажаните прелиминарни контакти меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во четвртокот се сретна со неговиот турски колега Чавушоглу, а завчера рече дека датумот за прелиминарните контакти треба да го одреди Турција, бидејќи е домаќин на средбата.

– Турската страна се обврза да предложи конкретен датум. Следната средба ќе биде во Турција, според редоследот, бидејќи последната, во 2016 година беше во Атина, па така Турција, која ќе биде домаќин на следната средба, треба да одреди и соодветен датум. Го очекуваме, рече Дендиас.

The post Грција со оценка за нова провокација: Турскиот брод „Оруч Рејс” се враќа во Источен Медитеран appeared first on Слободен печат.


Грција со оценка за нова провокација: Турскиот брод „Оруч Рејс” се враќа во Источен Медитеран was first posted on октомври 12, 2020 at 9:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....