-0.2 C
Скопје
18:26 - 22 декември, 2024

Грипот ги испразни училиштата, ги наполни амбулантите и болниците

Сезоната на грип е во полн ек, а најмногу на удар се децата. Температура и силна кашлица која трае подолго време се симптомите кои ги мачат пациентите. Болниците регистрираат зголемен број на болни со симптоми на грип, но посериозни случаи се задржани на Клиниката за инфективни болести од кои двајца пациенти се во одделот за интензивно лекување.

– Шест дена детево има температура, никако не може да ја симнеме. Неколку пати консултиравме и лекар, но велат дека грипот е таков, раскажува мајка.

Некои пациенти се жалат на кашлица која трае и по две недели и не поминува, иако се прима антибиотска терапија. Други пациенти се жалат дека покрај температура имаат и дијареа.
И во многу училишта се бележи отсуство на по десет и повеќе деца од еден клас.

На Клиниката за инфективни болести велат дека дневно се прегледуваат по дваесетина пациенти со симптоми на грип.

– Вчера сме имале 22 прегледи, од кој еден пациент е задржан на болничко лекување. Во моментов имаме хоспитализирано 20 пациенти со грип. Двајца пациенти кои се во потешка здравствена состојба се на одделот за интензивна нега. Кај двајцата имаме лабораториски потврден грип, велат од Клиниката за инфективни болести.

Полн е и Институтот за белодробни заболувања Козле каде се лекуваат 74 деца кои имаат проблеми со горните и долни дишни патишта.

– Во овој период грипот е очекувана проблематика, имаме случаи на појава на инфлуенца тип А и тип Б. Пневмонии имаме кај помалите деца, а зачестен е и ларингитот. Потешки случаи немаме, вели директорот на Институтот.

Од Институтот за јавно здравје вчера соопштија дека се регистрирани 2825 заболени од грип во изминатите седум дена, што е зголемување за над 75 проценти во однос на претходната седмица и за речиси два пати повеќе споредено со истиот период минатата година. Вкупниот број на заболени од грип се искачи на 7150, што е исто така за околу 70 проценти повеќе од истиот период лани.

Најмногу заболени има во Струмица (околу 1300) и во Скопје (околу 1200), во Гостивар над 800.

Смртен случај нема, но има тешко болни.

– И по интензитет, и по распространетост грипот во изминатата недела покажа екстензивен раст. Тоа и го очекувавме и најавивме дека во текот на наредните недели ќе расте, како и во останатите земји во Европа. Зголемување има за околу 30 отсто и во однос на просечната епидемиска крива за последните девет сезони, велат епидемиолозите, изјави епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

The post Грипот ги испразни училиштата, ги наполни амбулантите и болниците appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....