-0.2 C
Скопје
02:35 - 22 декември, 2024

Ѓоковиќ конечно откри зошто не јаде месо

Новак Ѓоковиќ по победата над Јошихито Нишиока обезбеди пласман во четвртото коло каде го очекува Аргентинецот Шварцман. Тој е задоволен бидејќи сервисот одлично го служеше, а на прес конференцијата по победата зборуваше и за својот начин на исхрана и на живот.

Ѓоковиќ пред новинарите открива зашто во последните четири години на вегетаријанска исхрана, а исто така откри дека неговите најблиски се сомневаа дека со таква исхрана ќе успее да игра на највисоко ниво.

– Среќен сум што сум на оваа исхрана и што можам да игра на ова ниво во последните четири и пол години. На почетокот имаше многу критики, луѓето околу мене не веруваа дека можам да го направам тоа, се сомневаа, но поминав низ неколку фази за да се привикнам на новиот стил на живот.

Тоа не е само диета, има и етички причини поради кои се одлучив на овој чекор. Пред се поради животните, колењето на животните но и тоа што им се случува на фармите. Ова е нешто на што сум посебно горд и се надевам дека ќе инспирирам и останати спортисти да се префрлат на овој вид на исхрана (вегетаријанска) и да знаат дека можат добро да се опорават, да имаат мускули и сила. Јас не сум кревач на тегови, но имам идеален баланс на брзина, сила и моќ. Мислам дека ништо не ми недостасува и ќе продолжам да уживам во ова – изјави Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ конечно откри зошто не ја јаде месо appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....