13.8 C
Скопје
20:03 - 3 мај, 2024

Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото

Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, коешто е негово прво по преземањето на функцијата.

На прашањето дали меморандумот на Бугарија, со кој се условува преговарачкиот процес на земјава, евентуално би го одложило одржувањето на првата меѓувладина конференција, Гир за МИА вели дека во моментот земјите-членки дебатираат за преговарачката рамка, тоа е внатрешен процес на Унијата и оти не може да ги коментира внатрешните дискусии на земјите-членки.

Гир ги оцени Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија како позитивни примери не само во регионот, туку и пошироко. – Многу е важно да се продолжи со имплементација овие билатерални договори во добра атмосфера, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во интервјуто за МИА.

Евроамбасадорот Гир доаѓа од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) на Европската Унија, каде беше на чело на Секторот за политика за санкции. Тој 25 години работи во ЕУ на позиции поврзани со надворешната политика, особено со земји од Источна Европа.

Со евроамбасадорот разговаравме и за напорите на Владата во реформите што треба да ги имплементира во борбата против корупцијата, владеењето на правото, за новиот голем пакет финансиска помош на ЕУ за регионот за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

The post Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото appeared first on Слободен печат.


Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото was first posted on септември 30, 2020 at 7:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....