Франкфутер Алемајне Цајтунг (ФАЗ) објави поголема статија во која се разгледува можноста заразата со коронавирус во Европа всушност се проширила од Минхен.
„Можно е минхенскот вирусен кластер од вработените во компанијата Вебасто, како и членови на нивните семејства, кои всушност се тестирани позитивни на САРС-КОВ-2 и брзо изолирани, биле почетна точка на заразата во северна Италија, Финска, Швајцарија, а подоцна и првите случаи во Мексико“, пишува германскиот весник повикувајќи се на најновите истражувања.
Фатален состанок во минхенската фирма Вебасто
Вирусот во Минхен го донела една кинеска вработена во споменатата минхенска фирма, која на 19 јануари била на собирот на вработени во централата на Вебасто. Според моменталната состојба на истражувањето , од неа со вирус се заразиле неколку вработени во оваа фирма па и на другите им ја пренеле заразата.
Пациентот 1 прв развил симптоми, пет дена после тој состанок во Вебасто, па е тестиран и донесен во карантин на 28 јануари во минхенската клиника Швабинг.
Ланец на зараза
Но, во тој момент вирусот одамна бил инфективен и експертите заклучуваат дека карантинот сепак не може повеќе да го спречи она што го нарелуваат „ланец на зараза“.
Весникот нагласува дека ова сценариот се уште е предмет на негодување меѓу истражувачите и дека ќе треба многу повеќе време за точно да се утврди ширењето на вирусот.
The post Германски весник пишува: Дали Минхен е европскиот извор на коронавирусот? appeared first on Слободен печат.