10.8 C
Скопје
15:06 - 19 декември, 2024

Фотографии кои ја вознемирија јавноста, но навистина треба сите да ги видат: Да, сега е вистинскиот момент! (ФОТО)

Италијанскиот уметник Александро Паломбо покрена нова кампања посветена на сите жени кои трпат насилство во текот на пандемијата на коронавирусот, под називот „Борба за живот“.

Уметникот за потребите на кампањата искористи фотографии од Лиса Еделстрин, Ева Лонгорија, Оливија Вајлс, Тери Хачер и уште една ѕвезда од „Очајни домаќинки“, Марша Крос.

Целта на кампањата е да ја подигне свеста за жените кои моментално трпат семејно насилство и ги преживуваат најлошите денови во својот живот во текот на пандемијата на коронавирусот кога се затворени дома со насилникот.

foto: aleXsandro Palombo

Кампањата на Паломбо има за цел да ги покаже двете најголеми битки кои жените во моментот ги водат – од една страна, докторките и медицинските сестри се борат на еден фронт, а оние другите жени затворени во домот губат на друг фронт. И едната и другата страна се борат за живот.

foto: aleXsandro Palombo

Затварањето кое го наложи вонредната ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот предизвикува силна социјална и економска нестабилност поради загубата на приходи и недостатокот на социјални односи. За сите жени кои веќе живеат во сенка на семејното насилство, оваа самоизолација може да стане смртоноста.

Уметникот апелираше се што останатите ќе слушнат веднаш да го пријават со цел да се спаси живот.

foto: aleXsandro Palombo

– Доколку слушнете врисок или тепање кое доаѓа од некој од соседните станови, не смеете да молчиме. Тишината ве прави соучесници.

ОБРАТЕТЕ СЕ ЗА ПОМОШ! НЕ ШТИТЕТЕ ГО НАСИЛНИКОТ!

  • ПОЛИЦИЈА 192
  • Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за труд и социјална политика  известува   дека жртвите  на семејно насилство кои имаат потреба од помош,  поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700; која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.
  • Во случаи  кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на родово базирано насилство и семејно насилство, како и кога дете е жртва на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар  за социјална работа.
  • Линк за контакт на ЦСРhttp://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx

The post Фотографии кои ја вознемирија јавноста, но навистина треба сите да ги видат: Да, сега е вистинскиот момент! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....