14.8 C
Скопје
07:30 - 2 мај, 2024

„Фармата на тролови“ од Велес повторно работи: Се обидуваат да заработат со лажни вести за изборите во САД

Велес, кој во екот на првата кампања на претседателот Трамп стана светски познат по производство на лажни вести, повторно се обидува да земе „дел од колачот“ од претстојните избори во САД. Истражувањето на „Партнерство за интегритет на изборите“ покажа дека лица од Велес повторно пробуваат да изградат мрежа на веб страници со помош на кои шират лажни вести за американските претседателски избори, пишува Јутарњи.хр.

Посебно се истакнува една веб страница со името „Resist the Mainstream“. Повеќето објавени текстови речиси едногласно ги поддржуваат или промовираат конзервативните политичари. Поголемиот број на на текстови е копиран од други веб страни, а посебно од десничарскиот портал „The Daily Wire“.

Тие исто така и уфрлуваат по некоја лажна вест, како на пример дека Џо Бајден носел слушалка во увото за време на првата претседателска дебата. Во рубриката „за нас“ стои дека „проектот е направен со мисија известување на вестите кои мејнстрим медиумите не сакаат да ги објавуваат“. Како поштенска адреса наведена е адреса во Остин, Тексас. Истрагата покажала дека позади страницата стојат двајца индивидуалци од Велес кои собираат содржини од десничарски портали и ги шират преку социјални мрежи.

„Немаме причина да се сомневаме дека сите оператори на овие страници се мотивирани со било што друго освен финансиска добивка. Меѓутоа, тие продолжуваат да профитираат од поларизација и веројатно придонесуваат нејзино ширење во Америка. Лицата кои ја следат десничарската политика несвесно ги конзумираат овие содржини“, стои во заклучокот на извештајот.

Велес беше во центар на вниманието на светската јавност во 2016 од истата причина како и сега. Тогаш се пишуваше за улогата на момчето од Велес кое стана светски познато по текстот на американскиот портал Базфид за 150 сајтови со лажни вести за американските избори – каде најголемо внимание задржаа вестите дека папата го поддржал Трамп и дека Хилари Клинтон „сака девојчиња“, како и приказната за средбата на Трамп со кралицата Елизабета – кои се регистрирани во македонскиот град.

Проценето е дека тие вести, кои подоцна се раширија по социјалните мрежи, имале огромно влијание врз неодлучените гласачи, кои направија пресврт на резултатите на изборите и ги изненадија американските анкети. Според анализата на Базфид неделата пред одржување на изборите лажните вести биле повеќе читани од вестите од мејнстрим медиумите. Сите сајтови со лажни вести не поттекнувале од Македонија, но никаде на светот немало толку концентрирани вести на едно место, како во Велес, што им падна во очи на сите западни медиуми, од Њујорк Тајмс до Гардијан.

Јутарњи.хр сега пишува дека „троловите од Велес“ со копирање на содржини од познатите портали го кријат идентитетот и шират вирални вести. На пример, нивната објава за наводната изборна измама стана вирална, а една нивна објава беше споделена и од републиканскиот политичар Дејвид Роу. Сопствениците на страната своето потекло се обидоа да го сокријат така што регистрирале домен со помош на услугата „WhoisGuard“ која нуди приватност преку криење на идентитетот на сопственикот на доменот, како и контактот што го регистрирале. Иако ја унапредија тактиката од 2016 година, тие сепак не успеаа да ги скријат сите траги.

Тројцата автори на страницата „админ“, „александар“ и „виктор“ се поврзани со три различни меил адреси. Адресата на „админ“ е навеена во рубриката „за нас“, а Виктор и Александар имаат лична меил адреса. Истражувачите преку тие адреси ги најдоа Фејсбук профилите на Виктор и Александар кои се пријатели на оваа социјална мрежа, како и дека двајцата за град на живеење го наведуваат Велес.

Треба да се напомене дека посетителите кои првпат ја отвораат страницата ги дочекува порака: „Драги читатели, свесни сме дека приказните од нашата веб страница не можат да се споделат на Фејсбук бидејќи нас не цензорираат. Ќе го решиме тој проблем наскоро“. Истражувачите пред објавување на анализите ги контактираа социјалните мрежи и им ги пренесоа профилите на Фејсбук и Пинтерест, кои потоа ги блокираа.

„Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19

The post „Фармата на тролови“ од Велес повторно работи: Се обидуваат да заработат со лажни вести за изборите во САД appeared first on Слободен печат.


„Фармата на тролови“ од Велес повторно работи: Се обидуваат да заработат со лажни вести за изборите во САД was first posted on октомври 15, 2020 at 7:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....