4.8 C
Скопје
03:50 - 16 ноември, 2024

Еве што им прави коронавирусот на белите дробови (ВИДЕО)

Оваа анимирана снимка покажува колку брзо коронавирусот се шири во белите дробови и каква штета предизвикува.

– Се гледа јасен контраст помеѓу здравото ткиво и ткивото инфицирано со вирусот – забележува др. Мортман, објаснувајќи ја разликата помеѓу синото, здраво ткиво и инфицираното ткиво кое е означено со зеленкасти облаци.

– Разликата е толку воочлива што не морате да бидете лекар за да ја забележите и да сфатите колку е сериозна ситуацијата – додава лекарот, објаснувајќи дека вирусот очигледно не е изолиран на едното крило од белите дробови туку се раширил и на двете.

– Почнува со инфекција, потоа се развива воспаление на белите дробови кое со тек на време го оштетува ткивото и прави долгорочна штета која би можела да ги онеспособи пациентите да дишат нормално дури и откако ќе се опорават. Некогаш дури и за цел живот – вели др. Мортман.

Коронавирусот започнува од горниот респираторен тракт – носот, устата, грлото и горниот дел на белите дробови, во долниот дел од белите дробови, а пневмонијата е воспаление на долниот дел од белите дробови. Тогаш алвеолите во главно се полнат со течност или гној кој го отежнува дишењето.

The post Еве што им прави коронавирусот на белите дробови (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....