Турција создава нова Сирија на Кавказ, во судирите за контролирање на областа Нагорно – Карабах, изјави претседателот на Ерменија Армен Сакрисијан.
Тој ја повиак Русија, САД и НАТО да ја запрат Турција, која ја нарече „насилник во регионот“.
– Потребен ни е поголем притисок од Русија. Се надевам дека ќе има повеќе притисок од Русија и САД, рече Саркисијан во интервју за „Фајненшл Тајмс“.
Саркисијан нагласи дека членството во НАТО, каде Турција е членка, значи дека останатите ќе мора да се воздржат и да не добијат „зелена карта“ за мешање во судирите на трети земји.
Според зборовите на ерменскиот претседател, турската воена и дипломатска поддршка на Азербејџан ја исфрли Русија од традиционалната улога на некој кој балансира меѓу Ереван и Баку.
The post Ерменскиот претседател тврди: Турција создава нова Сирија на Кавказ appeared first on Слободен печат.
Ерменскиот претседател тврди: Турција создава нова Сирија на Кавказ was first posted on октомври 9, 2020 at 10:59 pm.