17.8 C
Скопје
18:46 - 26 април, 2024

Ердоган: Одлучни сме Турција да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, порача дека е одлучен Турција да ја направи глобален производствен и технолошки центар, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на технолошкиот центар МЕСС во Истанбул, во чии рамки преку видеоконференција беа отворени уште 40 фабрики низ цела Турција.

– Се надеваме дека со овој центар, кој е реализиран со инвестиција од 200 милиони лири (23 милиони евра), ќе отвориме нова ера во областа на конкурентната технологија, каде што на годишно ниво ќе можеме да обезбедиме 400.000 часа бесплатна едукација за 40.000 луѓе, порача Ердоган.

Тој нагласи дека откако ќе се намалат последиците од епидемијата во светот, Турција повторно ќе се врати кон забрзаниот напредок.

– Турција, која пред 18 години не можеше да направи чекор без ММФ, денес е 13-та земја во светот според паритетот на куповната моќ. Иако некои не го сакаат тоа, одлучни сме Турција, како средиште на три континенти, да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

Осврнувајќи се и на инвестицијата на 40 фабрики кои вчера беа свечено отворени, Ердоган и честита на секоја турска компанија што директно обезбедува вработување за 4.000 граѓани, „а индиректно доаѓа до повеќе десетици илјади наши граѓани”. Тој информира дека вкупната вредност на инвестицијата изнесува четири милијарди турски лири (460 милиони евра).

The post Ердоган: Одлучни сме Турција да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар appeared first on Слободен печат.


Ердоган: Одлучни сме Турција да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар was first posted on август 30, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....