Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави промотивно видео со кое лидерот на САД ја прогласи својата „победа“ во Сенатот, откако сенаторите одлучија дека тој не е виновен за злоупотреба на власта.
Во видео-клипот, може да се забележи како годините, децениите и вековите поминуваат, а Трамп се уште е американски претседател, за на крајот клипот да завшри со паролата „ееееее…Трамп засекогаш“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 5, 2020
Во еден од многуте коментари на видеото, се огласи и престижниот магазин „Тајм“, кој посочи дека американскиот претседател искористил нивна анимирана насловна страна. Не укажаа дали тоа го направил со или без нивна дозвола.
This is a manipulated version of the Oct. 22, 2018, animated cover of TIME. Here’s the real one pic.twitter.com/BS4mTCxB9A
— TIME (@TIME) February 5, 2020
The post „Ееееее…Трамп засекогаш“ appeared first on Слободен печат.