0.8 C
Скопје
05:39 - 25 декември, 2024

Домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра

Заклучно со јули годинава, домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Според податоците, и покрај кризата, во јули има зголемување на кредитите кај населението во однос на јуни за 1,3 проценти, а зголемувањето во однос на ланскиот јули е дури за 9,4 проценти.

И понатаму во структурата на кредитите најмногу има потрошувачки кредити, и тоа во износ од 1,5 милијарди евра. На второ место се станбените кредити, со 899 милиони евра, а на трето се кредитните картички, за кои домаќинствата должат 187,9 милиони евра.

По одложената наплата за 6 месеци, од октомври, сите ќе мора редовно да си ги враќаат кредитите.

Интересен берзански податок е што Стопанска банка, и покрај одложувањето на наплатата на кредитите и каматите од април годинава, во првото шестмесечје има дури поголема наплата на нето-камата од истиот период лани. Годинава за 6 месеци каматната заработка на оваа банка е 29,9 милиони евра, а лани била 29,5 милиони евра.

Во Комерцијална банка нето-приходите од камати во изминатите 6 месеци се намалиле за 3,2 проценти, а во НЛБ банка намалувањето е 1,5 отсто.

Во Стопанска банка и во Комерцијална банка е забележан поголем пад на приходите од провизии, додека кај НЛБ банка е забележано само мало намалување на овој вид приходи во изминатите 6 месеци.

 

The post Домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра appeared first on Слободен печат.


Домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра was first posted on август 24, 2020 at 3:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....