3.8 C
Скопје
21:42 - 20 декември, 2024

Доктор Арбен Аголи за Слободен печат: Инсистирав да ни земат брис, немавме симптоми, а сме имале коронавирус

Познатиот педијатар, доктор Арбен Аголи од Дебар, е еден од докторите чии резултати за коронавирус вчера беа позитивни во дебарската амбуланта. Покрај него, позитивни се резултатите на уште еден доктор и на две медицински сестри од истата приватна ординација.

Во телефонскиот разговор кој Слободен печат го оствари утринава со доктор Аголи, тој рече дека се чувствува добро и дека со заразата ќе се бори во Дебар, а нема да биде префрлен на скопската Инфективна клиника. Забележавме дека докторот е во одлично расположение и со исклучително ведар дух.

– Не се плашете, сите сме добри, ќе истераме. Ќе пиеме расолница, со сестрите што се шампиони. Сите се млади, ама шампиони ми се! Вирусот се прошири, малку и по наша вина. Ние мислевме дека ситуацијата не е така сериозна како што се претставуваше. Прв се зарази наш колега доктор. Тој малку погреши, зашто прв беше во контакт со заразената фамилија од Дебар, незаштитен. Во саботата, на седми март, родители на четиринаесетгодишно дете дошле на преглед во амбулантата. Мојот колега доктор бил прва смена, јас бев втора смена. Баш тој ден колегата не носел ни ракавици ни маска. А мајката на четиринаесетгодишното дете што дошло на преглед е во роднинска врска со брачниот пар што дојде од Италија – ни рече Аголи.

Според него, родителите на четиринаесетгодишникот се задржале во амбулантата подолго време.

– Мислам дека да бевме заштитени, ќе беше поинаква ситуацијата. Имаме само маски, ракавици и капата што ја гледате на сликите и мантил. Ама, ќе помине. Апсолутно немам никакви симптоми – додаде Аголи.

Станува збор за двајца матични лекари, педијатри, кои работеле приватно, а во склоп на општата болница имале концесија и плаќале кирија.

– Ние не сме дел од болничкиот персонал. Денеска ќе одиме кај инфектологот Босилевски кој е дојден од Скопје во Дебар. Ќе се договориме најверојатно за домашен третман. Ние немавме никакви симптоми и никакви знаци на работа. Но, бидејќи епидемиологот ми е роднина, кога дознав дека пациенти блиски на заразени со Ковид 19 дошле на преглед, веднаш му реков задолжително да земе брисеви од мене и од сестрите. Јас живеам со сопругата, повозрасна мајка, синот и снаата и затоа сакав да бидам тестиран и тоа го наложив за колегите исто така. Епидемиологот прво ми рече, батали Арбен, немаш никакви симптоми, но јас инсистирав. И ете, позитивни резултати. Ќе се земат мостри и од моето семејство – ни изјаи докторот.

Доктор Аголи забележува дека досега, сите случаи во Дебар, кои биле дијагностицирани со Ковид 19, доаѓале од еден реон, но дека од вчера, има и случаи кои се надвор од делот од градот.

– Се проширува и во други делови на Дебар. Инаку, јас до вчера одев на работа, прегледував само итни случаи или давав хронична терапија со децава. И уште би одел на работа, немам симптоми. Но, закон си е закон. Ординацијата е затвораена. Во карантин сум. Јас сум обичен човек во служба на народот – додаде Аголи.

The post Доктор Арбен Аголи за Слободен печат: Инсистирав да ни земат брис, немавме симптоми, а сме имале коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....