2.8 C
Скопје
12:21 - 23 декември, 2024

Доколку има злоупотреби, државата ќе ги враќа парите од „Еразмус плус“

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите „Еразмус плус“ од страна на Националната агенција за европски образовни програми во земјава.

Портпаролката на ЕК за образовение Сузан Конзе за МИА, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

– Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад – изјави Конзе.

Европската Комисија во моментов не може да даде повеќе детали за истрагата додека е во тек, но она што е познато е дека во случај да биде утврдена криминална злоупотреба на фондовите, случајот ќе биде испратен до ОЛАФ, европското тело за борба против измами.

ЕК истражува дали имало злоупотреба со фондовите Еразмус плус, доколку имало, парите ќе треба да се вратат

Од Комисијата објаснуваат дека доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка“, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ. При апликација за фондовите „Еразмус плус“, државата е гарант за овие пари во случај на нерегуларност или измама и е обврзана да ја врати целокупната сума.

Брисел исто така врши редовни финансиски ревизии, како и годишен мониторинг за трошењето на бриселските фондови.

Фризерницата која за три години доби 270.000 евра под лупа на Обвинителството

Станува збор за наводно одобрен грант на фризерница В.Е.З Трејд во сопственост на Зоран Златковски од страна на директорката за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Државната комисија за спречување на корупција пред неколку дена отвори предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средства од фондови од ЕУ од европските програми како „Еразмус плус“, Еуридика од страна директорката Димова.

Од друга страна Димова во своја одбрана изјави дека одоборила повеќе грантови, но не на фризерница, туку за финансирање на претријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд.

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

– Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно. Ниту јас ниту некое физичко или правно лице ги дели парите, тие се делат по строго утврдени правила кои ги диктира Брисел. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила. За тоа да се случи ние добиваме посебен прирачник каде стојат сите правила за оценување на проектите – истакна Димова.

Директорката потоа додаде дека не планира да даде оставка бидејќи не чувствува никаква вина за овој случај, иако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа да го стори тоа.

Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

–  Би сакала да кажам дека сметам дека тродневната голгота се должеше на тоа дека во јуни месец објавив сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра и од овде започна цела голгота, а ова е случај од лани кој е пријавен уредно во Брисел и за ова прашањата треба да ги поставите кај Јавниот обвинител. ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе морам да ги разочарам, нема да дадам оставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Злоупотребата од осум организации во пет различни држави била спроведувана од 2016 до 2018 година од неколку правни лица, кои на потенцијалните корисници на програмата „Еразмус+“ им нуделе услуги за пишување проекти. Потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, целата шема се спроведувала преку наместени јавни набавки, изјави Лидија Димова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во јуни годинава. Проследете го разговорот за злоупотребата ТУКА.

 

The post Доколку има злоупотреби, државата ќе ги враќа парите од „Еразмус плус“ appeared first on Слободен печат.


Доколку има злоупотреби, државата ќе ги враќа парите од „Еразмус плус“ was first posted on октомври 13, 2020 at 2:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....