25.8 C
Скопје
14:41 - 29 април, 2024

Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија

Судијката Добрила Кацарска е предлогот на Судскиот совет за нов член на Уставниот суд. Нејзиното име било едногласно избрано, односно со 12 гласови „за“.

Таа претходно истакна дека доколку ваква позиција и биде понудена со задоволство би ја прифатила и би и претставувало чест да е уставен судија.

Кацарска има судиски стаж од над 30 години, а во моментов е судијка во Одделот за организиран криминал и корупција. Претходно во својата кариера ја извршуваше и функцијата претседател на Кривичниот суд.

Името на судијката беше зачестено споменувано во јавноста по изречените судски пресуди во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот Мерцедес, како и за насилствата од 27 април во Собранието, по што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваше за пристрасност и непрофесионалност. Токму за новиот предлог, Кацарска да биде уставен судија, ќе биде потребна и поддршка од парламентарно застапените партии.

Нејзиното име сега треба да помине на пленарна седница во Собранието. Судскиот совет предлага двајца судии за Уставниот суд, за чие усвојување треба двотретинско мнозинство во Собранието. Ако ниту еден од предложените не го добие потребното мнозинство, постапката за предлагање кандидати се повторува.

 

The post Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија appeared first on Слободен печат.


Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија was first posted on септември 29, 2020 at 11:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....