Стенли Чера, познатиот инвеститор за продажба на недвижнини во Њујорк и републикански донатор, умре од компликации поврзани со Ковид-19, потврди во неделата извор близок до Чери.
Тој беше во доцните 70-ти години, а веста прво ја објави новинарот Јашар Али. Кариерата на Чери во областа на недвижнини почнала кога тој започнал со купување на малопродажни згради во кои се наоѓал ланец на детски продавници. Компанијата на крајот се повлекла од малопродажни објекти за да се фокусира на недвижнини.
Чера исто така бил пријател со претседателот Доналд Трамп. Од 2016 до 2019 година, тој донирал вкупно 402.800 долари на Трамп за организација посветена на поддршка на неговото претседателство, според податоцие на Федералната изборна комисија.
Чера минатиот ноември го претстави Трамп на парадата за време на Денот на ветераните на градот Њујорк, нарекувајќи го претседателот „драг пријател“. Трамп го повика Чера на митингот во 2019 во Мичиген опишувајќи го како „еден од најголемите развивачи и луѓе кои се занимаваат со недвижнини во светот“.
– Тој беше со мене од почетокот, рече Трамп за Чера.
The post Добар пријател на Трамп почина од коронавирусот: Беше со мене од почетокот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.