2.8 C
Скопје
20:36 - 23 декември, 2024

Дипломатски технички нокаут

Во пресрет на формирањето на новата македонска влада, најсилното дипломатско дуо во земјава – европскиот амбасадор Жбогар и американската амбасадорка Брнз – вчера имале заедничка средба со Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Бојан Маричиќ. Во соопштението од средбата се вели дека е разговарано „за резултатите од изборите, закчлучувајќи дека тие беа успешно спроведени и претставуваат голема потврда на европскиот и евроатлантскиот пат“. И уште дека соговорниците размениле мислења за „пост-изборниот амбиент и можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс“ и дека „императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат, како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи“.

Пораката за „потврда“, „континуитет“ и „понатамошни“ е јасна – или треба дополнителни образложенија за тоа кој ќе ја предводи „наредна влада“ што ќе ги спроведува овие „императиви“?

Тоа се темите на кои опозицијата треба да поведе итна интроспективна расправа, наместо да си/ни го губи времето со уште дваесетина прес-конференции на кои ќе продолжи кенкаво да ја образложува исправноста на, буквално, сите погрешни политики во изминатите години. Прашање е на елементарна одговорност да се признае политичкиот неуспех (после изгубени три изборни циклуси, плус еден референдум) на целата анти-евроатлантска политика на раководството на ВМРО-ДПМНЕ (тоа е нивниот „континуитет“) и, со извинување до нацијата (не само до партиското членство) за тоа што го промашија историскиот процес, да се повлечат од челото на партијата.

Тоа се подразбира за Мицкоски. Но, би требало да ги засега и најгласните јавни артикулатори на промашените вмровски политики, како Николовски, Јанушев и Милошоски. Макар и со зачувување на нивниот статус на пратеници во новиот состав на Собранието. Бидејќи, останат ли штембилот и печатот на партијата во нивни раце, ВМРО-ДПМНЕ и во годините што доаѓаат ќе остане да се „дави“ на маргините на македонскиот прогрес, продолжено успорувајќи го тој макотрпен развој на општа, национална штета.

Но, вчерашната дипломатска средба во МНР, колку што е речит евроатлантскиот „поздрав“ до вмровците, толку може да се толкува и како „технички нокаут“, односно јасна порака до ДУИ. Да преведеме со помош на дипломатски гугл-транслејт: Ахмети и Мицкоски можат да направат „влада во сенка“ и да се договорат неа да ја предводи кандидат на ДУИ. Не повеќе од тоа.

Можеби наредните денови овој евро-американски двоец ќе има и други дипломатско-партиски средби на кои ќе се разговара за „пост-изборниот амбиент“ во земјава. На нив можеби ќе се служи кисела, наместо обична вода, но не верувам дека соопштенијата од тие средби битно би се разликувале од вчерашното.

The post Дипломатски технички нокаут appeared first on Слободен печат.


Дипломатски технички нокаут was first posted on јули 22, 2020 at 8:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....