Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија тврди дека во Пјонгјанг е одржана воена парада во рамките на прославата на 75-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија.
Во регионот со голем интерес се следи прославата и се очекува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се обрати до домашната и меѓународната јавност.
Според јужнокорејската армија на парадата учествувале голем број војници и било прикажано големо количество оружје и воена опрема.
Јужнокорејскиот воен врв оцени дека парадата во Северна Кореја е со цел да се прикаже новиот арсенал на интерконтинентални балистички ракети и новиот балистички ракетен систем за проектили, што се лансираат од подморница.
Преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со САД пропаднаа, а според Сеул, Ким парадата ја користи како демонстрациија на моќ пред претседателските избори во САД.
– Јужнокорејските и американските разузнавачки служби внимателно го следат развојот на ситуацијата во Северна Кореја, се наведува восоопштението од Сеул.
The post „Демонстрација на моќ“: Северна Кореја одржа воена парада во чест на годишнината на владејачката партија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
„Демонстрација на моќ“: Северна Кореја одржа воена парада во чест на годишнината на владејачката партија (ВИДЕО) was first posted on октомври 10, 2020 at 11:43 am.