11.8 C
Скопје
09:22 - 4 мај, 2024

Дел од барањата ни се прифатени, но чекаме да ги имплементираат, велат средношколците

Голем дел од нашите барања се прифатени, сега чекаме зелено светло од Владата и од Собранието кои бараните измени ќе ги стават во функција, изјави за Слободен Печат Бленди Ходаи, водачот на средношколските протести од Унијата на средношколците.

„Министерката се сложи и со нашето барање за децентрализиран пристап во одлучувањето за начинот на одвивање на наставата, каде за тоа ќе одлучуваат самите општини, како и за изведувањето на практичната настава со примена на заштитни мерки“, вели Ходаи, но додава дека тие сепак сакаат да почекаат да видат дали надлежните ветеното и ќе го реализираат пред да и соопштат на јавноста дека се задоволни од исходот на преговорите.

На средбата со министерката за образование Мила Царовска и организаторите на средношколските протести одржана вчера попладне, министерката се согласи со голем број од барањата на средношколците, меѓу кои и со моделот на комбинирана настава и секаде онаму каде се исполнети условите од протоколите кои веќе се усвоени наставата ќе може да отпочне со физичко присуство во училиштата.

За денес во 14 часот е закажана заедничка прес конференција на министеркаѕта за образование Царовска и министерот за здравство Венко Филипче, на која се очекува да се соопшти и ставот на Владата во врска со барањата на средношколците за стартот на учебната година.

The post Дел од барањата ни се прифатени, но чекаме да ги имплементираат, велат средношколците appeared first on Слободен печат.


Дел од барањата ни се прифатени, но чекаме да ги имплементираат, велат средношколците was first posted on септември 1, 2020 at 12:57 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....