2.8 C
Скопје
20:05 - 18 декември, 2024

Дали во „Јавна соба“ лежи синџир за проституција?

По пет дена конечно е затворена групата на „Телеграм“ каде што се споделуваа порнографски фотографии и сеанси од девојки – и малолетни и полнолетни – од Македонија, заедно со нивните телефонски броеви. Министерството за внатрешни работи немало техничка можност да ја отстрани групата, па така за нејзиното конечно сузбивање од платформата, мораше да се чека да изреагира „Телеграм“, мобилната апликација со седиште во Лондон. Креаторот и администраторот на групата завчера дале исказ во полиција, но за нив не е поднесена никаква пријава. Двајцата се возрасни мажи од Скопје. Од страната на жртвите само еден родител пријавил кај органите на прогонот дека неговата малолетна ќерка завршила во „Јавна соба“.

Како што поминува времето се прошируваат и аспектите интересни за полицијата. Особено во врска со злоупотребата на личните податоци и производството на порнографски материјали, ама истрагата добива и нов тек. Полицијата сега проверува дали „Јавна соба“ е гнездо за контакти и синџир за проституција, вклучително и малолетничка.

– Утврдуваме со која цел е формирана групата. Дали само за споделување експлицитни фотографии или за да се направи синџир со проституција, вклучително и малолетничка – ни изјави заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

До вчераутро, кога групата беше активна, се споделуваа фотографии и видеа со порнографски содржини за девојки – и малолетни и полнолетни – вклучително со нивните телефонски броеви, а имаше и ценовници за наводните услуги на девојките.

Aналитичарот за безбедност и криминалистика Љубомир Ѓурчески и магистер на темата организиран криминал за „Слободен печат“ вели дека постои опасност макроата и трговците со луѓе да ги искористат фотографиите споделени на „Телеграм“ за регрутација на нови работнички во оваа сива зона.

– Тоа би можеле да го направат со уцени и закани. Затоа, сите жртви треба да појдат во најблиската полициска станица и да поднесат пријава на записник, по кој полицијата мора да постапи – советува Ѓурчески.

Тој објаснува дека случувањата во „Јавна соба“ може да се подведат под две кривични дела – производство и дистрибуција на детска порнографија и изнесување лични и семејни околности. Во првиот случај мора да се докаже во постапката дека жртвата е дете.

– Казните се смешни за вакви кривични дела каде што се нарушува интегритетот и семејните слободи на секој поединец – смета Ѓурчески.

УНИЦЕФ: Деца, сè што споделувате, останува засекогаш!

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) советува државата да ја зголеми соработката меѓу секторите за здравство, образование и заштита, како и да реализира програми за ментално здравје на адолесцентите и за заштита од насилство. „Децата треба да се свесни за придобивките и ризиците од нивното ангажирање на интернет. Треба да знаат дека интернетот не е приватен и дека сè што се споделува таму, останува постојано“.

Од УНИЦЕФ советуваат на децата да им се даде поддршка да не се вклучуваат во ризично однесување, да имаат почит едни кон други, вклучително и на интернет, дека психолозите во училиштата треба да знаат како отворено да разговараат со децата за теми врзани со врсничко насилство, емотивна болка, анксиозност и самодоверба.

The post Дали во „Јавна соба“ лежи синџир за проституција? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....