3.8 C
Скопје
05:05 - 16 ноември, 2024

Дали Трамп ќе го помилува Сноуден? Некогаш беше „предавник“, но претседателот повторно го смени мислењето

Гласините околу тоа дали Доналд Трамп ќе го помилува Едвард Сноуден – откако американскиот претседател рече дека свиркачот кој изнесе доверливи информации во 2013 година „не се третира праведно“ – само растат.

До коментарот дојде откако републиканскиот конгресмен од Кентаки Томас Меси изненадно се повика на претседателско помилување за Сноуден. Меси, „твитуваше“ дека Трамп би требал да му прости на 37-годишниот Сноуден, пишува Гардијан.

Сноуден е бивши вработен во Националната безбедносна агенција кој откако издаде доверливи информации побегна за Хонгконг, а потоа во Москва за да не биде испорачан во САД. Од тогаш тој престојува во Русија. Неговото издавање на податоци предизвика скандал заради откривање на масовно прислушкување на луѓе во САД и странство. Сноуден стана херој за либералците, но непријател на оние кои тоа го гледаат како предавство.

И Трамп неодамна го спомена Сноуден, во интервју за Њујорк пост, а изјавата на претседателот ги рефлектираат неговите значајно подобри ставови за човекот кој некогаш го сметаше за „предавник“.

– Постојат многу луѓе кои мислат дека Сноуден не се третира праведно… Многу луѓе се на негова страна. Не го знам, никогаш не сум го запознал, но многу се на негова страна, рече Трамп.

Трамп за време на својот мандат помилува или ги поништи пресудите за некои контроверзни личности, вклучувајќи го и долгогодишниот сојузник Роџер Стоун, кој го извлече од 40-месечна казна затвор заради злосторства насочени за помош на кампањата на Трамп. Го помилува и анти-имигрантскиот шериф од Аризона, Џо Арпаја заради кривична казна за непочитување на судот.

Во 2016 година беше покрената петиција за тогашниот претседател Барак Обама да го помилува Сноуден, пишува Гардијан. Кампањата, организирана од страна на Американската унија за граѓански слободи, Хјуман рајтс воч и Амнести Интернешнл вклучи петиција која ја потпишаа технолози, професори по право и славни личности.

Сноуден на прес-конференција преку видео линк им се заблагодари на организаторите и наведе дека неговата судбина ќе има големи последици.

„Ако сакаме да одржиме слободно општество за време на следниот век, ќе мораме да се осигураме дека свиркачите можат повторно да делуваат, и тоа безбедно, како проверка на идна злоупотреба на власт, рекол тој.

The post Дали Трамп ќе го помилува Сноуден? Некогаш беше „предавник“, но претседателот повторно го смени мислењето appeared first on Слободен печат.


Дали Трамп ќе го помилува Сноуден? Некогаш беше „предавник“, но претседателот повторно го смени мислењето was first posted on август 15, 2020 at 7:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....