8.8 C
Скопје
12:00 - 18 декември, 2024

Дали коронавирусот ќе предизвика крај на цивилизацијата што ја знаеме?

„Светот веќе никогаш нема да биде ист“, е реченица која се почесто се повторува откако коронавирусот ја потресе глобалната економија.

На многу луѓе ова е показател за кревкоста на нашата цивилизација. Кризата се појави во време кога новото движење „колапсологија“, кое предупредува на можен колапс на општествата, станува се повеќе популарно.

Климатските промени ја открија неодржливоста на економскиот и социјален модел кој се темели на фосилни горива, а се стравува дека коронавирусот и неговите последици го забрзуваат патот кон пропаст.

Теоријата прво се појавила во францускиот институт Моментум, а потоа станала популарна во 2015 година, кога се појавила книгата „Како се може да се сруши“.

Домино-ефект на вирусот

Во меѓувреме математичарот, кој ја основа француската партија Зелените, се уште одбива да каже дали вирусот ќе биде катализатор на домино-ефект и на тоа прашање одговара дека „се уште е прерано да се каже дали е предоцна“.

„Тоа што сега се случува е симптом на цела серија на слабости“, предупредува провесорот Ивес Цитон од Универзитетот во Париз.

„Не е крај на светот, туку предупредување за нешто што веќе се случува“, рекол тој за агенцијата АФП.

Екологот и земјоделски инженер Пабло Сервиње, коавтор на книгата „Како се може да се сруши“, има позастрашувачка слика.

„Голема лекција од историјата… е таа дека Јавачите на апокалипсата доаѓаат како болест, војна и глад, односно се следат еден по друг. Имаме пандемија која би можела да донесе до нов шок – војни и глад“, предупредува тој.

„А гладот ќе не направи поранливи за други пандемии.“

Шанса за промена

Иако таа можност изгледа безнадежно, познатиот филозоф Брунот Латур вели дека кризата ни дала можност да се замислиме кои би биле алтернативи на неолибералниот капитализам.

На својот блог тој предупредил дека светот „не смее да дозволи работите да се вратат на старо кога ќе пројде кризата предизвикана од вирусот“.

„Да ја искористиме можноста на присилено прекинатите активности да одлучиме кои би сакале такви и да останат, а кои сакаме повторно да ги покренеме и развиваме“.

Вирусот исто така покажал, „дека е можно во неколку недели да се запре глобалниот економски состав за кој секој досега тврдешше дека е невозможно да се забави или прилагоди“.

Меѓутоа постои страв дека „единствениот план ќе биде се да се врати на старо за да се спасат работните места“.

Ако луѓето резервираат лет веднаш кога карантинот ќе заврши за да се тргнат од се, вели професорот Цитон, тогаш навистина ќе си ја запечатиме судбината.

The post Дали коронавирусот ќе предизвика крај на цивилизацијата што ја знаеме? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....