9.8 C
Скопје
04:13 - 7 мај, 2024

ДА ПОМОГНЕМЕ: Драгица Жориќ од Призрен си ги бара биолошките родители

Посвоените деца во Македонија си ги бараат биолошките родители со детективи, во Фејсбук-групи и со лични истражувања кои траат и по 15 години.

Законот за семејство ги третира податоците за заснованите посвојувања како службена тајна, но тоа нималку не ја намалува желбата на оние кои биле посвоени од било каква причина, да трагаат по своите биолошки корени. Причините поради кои децата сакаат да се поврзат со своите биолошки мајка и татко, се многубројни, некои од нив се емотивни – сакаат да дознаат кои се и од каде се, а други практични или медицински – за да дознаат каква историја на болести го следи семејното дрво.

Случајот на Драгица Жориќ

Четириесет и петгодишната Драгица Жориќ од Призрен е една од многуте жени што си ги бараат биолошките родители и корените. Во српскиот извод на родени пишува дека е родена во Скопје во 1974 година. Во графата за родители стојат имињата на Слободан и Роса Жориќ, луѓе кои ја одгледале со толку многу љубов и грижа, што никогаш не претпоставила дека не ѝ се биолошките мајка и татко. Посвоителите починале, а со тоа на Драгица ѝ останале неодговорени мал милион прашања, а вели дека нема да се смири додека не си ги одговори.

– Во главата имам милион „можеби“ и тоа трае од моментот кога дознав дека сум посвоена. Околу мене сите знаеле – соседите, роднините, па дури и едно момче со кое бев во врска. Дознав сосема случајно. Во училиште, една другарка ме праша – дали твојата мама, навистина ти е мама? Се зачудив и ја прашав од каде тоа, на што добив одговор – заборави! Но, никогаш не заборавив. Дека сум посвоена дознав на 17-годишна возраст, случајно, кога еден роднина ми спомна нешто за имотно-правните прашања во врска со наследувањето стан. Бев во шок – раскажува Жориќ за „Слободен печат“.

Нејзината мајка-посвоител ѝ кажала дека биолошките родители починале, дека биле млади и загинале во сообраќајна несреќа и дека се викале Дарко и Љубица.

– Не верувам дека ова е точно, мислам дека така ми кажа само за да ме смири. Кога бев помала доаѓавме во Скопје кај роднини на татко ми посвоител, во Петровец. Мислам дека тие се единствените што можат некако да ме препознаат и да се поврземе. Мајка ми и татко ми биле постари кога ме посвоиле, нивната финансиска состојба не била завидна, па мислам дека тука ништо не би можело да се одвива по регуларен пат. Затоа мислам дека сум била кај некого дома, додека не ме зеле моите посвоители. Немам ниту документи за посвојувањето, не знам ни дали сум родена во болница или во домашни услови. Имам мал милион „можеби“ и еден мал милион неодговорени прашања – додава Жориќ.

Правата на детето

Надеж ѝ дава и тоа што на нејзиното тело има специфичен знак и се надева дека некој ќе го препознае – белег од вакцина меѓу градите. Белегот го нема никој од луѓето родени во Сремска Митровица – градот каде што живее – освен неа, бидејќи е родена во Скопје. Таа се надева дека овој специфичен начин на вакцинирање може да се поврзе со некоја скопска болница.

Претседателот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ м-р Драги Змијанац вели дека е недозволиво Законот за семејство да биде спротивен на интересите на детето и на Конвенцијата за правата на детето, што пропишува дека децата имаат право да ги знаат своите родители.

– Се штити тајноста на родителот, а не се штити најдобриот интерес на детето. Како може да има тајни во современиот комуникациски свет? Во денешно време е невозможно. Неправда е Законот за семејство да ги штити родителите, а да ги држи во заложништво посвоените деца. Тоа е и дискриминација и затоа нашиот став е дека детето треба да ги знае своите родители – ни изјави Змијанац.

Тој додава дека има ситуации кога посвоени деца по многу години ги наоѓаат своите родители и со тоа со ништо не наштетиле на родителите што ги посвоиле.

– Биолошките родители не се исклучуваат со родителите што посвојуваат. Важен е семејниот код, но важен е и генетскиот код. Како да не поддржиме иницијатива кога група граѓани си ги бараат своите биолошки родители? – додава Змијанац.

The post ДА ПОМОГНЕМЕ: Драгица Жориќ од Призрен си ги бара биолошките родители appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....