4.8 C
Скопје
09:37 - 5 февруари, 2025

Д-р Гњатовиќ: Нашите анализи покажуваат дека антителата може да траат и една година

Д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија во Белград, за телевизијата Н1 изјави дека нивното истражување покажало дека антителата во организмот траат и дека оние кои прележале коронавирус имаат некаква заштита.

-Луѓето кои имале посериозна клиничка слика развиваат поголема количина антитела, но тоа не значи дека сите асимптоматски случаи и случаи со поблага клиничка слика имаат ниски вредности- објаснува д-р Гњатовиќ.

Гњатовиќ додава дека во нивната лабораторија биле анализирани примероци на 15 илјади лица.

-Се разбира, не беа сите позитивни на коронавирус. Ние следевме 50 пациенти од март, немаше драстичен пад на нивото на антитела во крвта. Претпоставуваме дека, врз основа на податоците што ги имаме, овие антитела ќе траат најмалку една година, веројатно подолго- рече Гњатовиќ, која објасни дека антителата се само еден од параметрите вклучени во одбраната на организмот.

Не е сè во количина на антитела

Таа исто така истакна дека не е сè во количината на антитела.

-Важно е какви се квалитетите или колку неутрализирачки антитела има што се способни да спречат вирусот да влезе во организмот. Следењето на неутрализирачките антитела е исто така важно за развојот на вакцините- вели таа.

Според неа, асимптоматските пациенти кои имаат развиено големи количини антитела се веројатно најдобрите донатори на крвна плазма, односно имаат развиено антитела со најдобар квалитет.

The post Д-р Гњатовиќ: Нашите анализи покажуваат дека антителата може да траат и една година appeared first on Слободен печат.


Д-р Гњатовиќ: Нашите анализи покажуваат дека антителата може да траат и една година was first posted on септември 16, 2020 at 8:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....