19.8 C
Скопје
18:24 - 2 мај, 2024

Д-р Беќаровски: Позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека имате САРС-КоВ-2!

Професорот на медицинскиот факултет доктор Нико Беќаровски, разоткрива неколку дилеми околу коронавирусот, кои може да бидат значајни за граѓаните особено во време кога пандемијата се разгорува и кога бројот на новозаразени од ден на ден се движи околу 400.

Тој тврди дека позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека пациентот е заболен од САРС-КоВ-2 болеста.

– Сепак, доколку имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубено чувство за вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип на кожата, има големи шанси да сте заболени од САРС- КоВ- 2, тврди професорот додавајќи дека колку повеќе симптоми, толку повеќе шанси заболувањето да се случило во организмот.

Докторот апелира граѓаните што имаат повеќе симптоми да побараат да им се направи лабораторија и рентген на белите дробови за да се процени тежината на болеста. Тој потсетува дека дневните извештаи на Министерството за здравство покажуваат само колкав е бројот на новооткриени случаи со позитивен ПЦР тест, но не и бројот на вистинските нови болни, бидејќи болест без симптоми не постои.

Болен со симптоми е заразен за околината, а човек со позитивен ПЦР тест без симптоми не мора да е заразен. Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на САРС-КоВ-2. Не барајте по секоја цена да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Треба да се тестираат само луѓе со повеќе симптоми. Негативен ПЦР тест со неколку симптоми на болеста не значи дека немате Ковид-19, напротив, задолжително направете лабораторија, антитела и рентген. Сите вируси се лекуваат симптоматски а мал дел и со антивиремици. За САРС-КоВ-2  уште нема ефикасен антивиремик, вели докторот.

The post Д-р Беќаровски: Позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека имате САРС-КоВ-2! appeared first on Слободен печат.


Д-р Беќаровски: Позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека имате САРС-КоВ-2! was first posted on октомври 12, 2020 at 9:27 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....