Нашиот политички систем потпадна под политичко влијание во деведесетитте и со тоа застана како и сите елементи во нашето општество. Нема да имаме издржлив економски развој се додека не направиме нешто да го подобриме целокупниот универзитетски систем, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ докторот на науки Артан Лимани.
-Највеќе уназадуваме со истражувањата затоа што не се вметнати како елемент во високото образование. Доколку сакаме да бидеме дел од тој глобален универзитетски систем овде е полето каде што треба најмногу да се подобриме. За жал јас не сум живеел многу долго во Македонија, но следев се што се случува тука кај нас. Ако го видиме разговорот што се води во Македонија за образованието, ќе забележиме дека тој е многу мал за разлика од економската и политичката тема. Мора да дадеме повеќе простор за образованието за да сториме повеќе- вели Лимани.
Средното образование е многу клучно, потенцира тој.
-Во Финска во шеесеттите години имаат консензус во државата да се направи еден функционален систем каде децата од 7 до 16 години ќе одат на задолжително образование и според успехот се делат на средни стручни и гимназијалци, се со цел кога ќе дојдат до Универзитетот да се нафатат и да дојдат со своите професори на научни истражувања. Не може секој студент да работи на научни истражувања исто како и секој професор што не може. Значи потребно е солидно образование за професорот да може да ги води студентите низ тие истражувања- вели Лимани.
Целиот разговор со Докторот на науки, Артан Лимани проследете го во видеото:
The post Д-р Артан Лимани: Мора да дадеме повеќе простор за образованието, за да сториме повеќе (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Д-р Артан Лимани: Мора да дадеме повеќе простор за образованието, за да сториме повеќе (ВИДЕО) was first posted on јули 30, 2020 at 9:07 am.