11.8 C
Скопје
02:01 - 7 мај, 2024

Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 500, Чаир и Аеродром со најмногу активни случаи

Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином.

Повторно се апелира за почитување на мерките за заштита – носење маска, одржување дистанца и зачестена хигиена на рацете.

Тројцата пациенти кои починаа се од Битола (на 73 години), еден од Демир Хисар на 73-годишна возраст и еден од Скопје на 44 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Инситутот за јавно здравје вчера регистрира 74 нови случаи со Ковид-19: во Гостивар-22, Скопје-14, Штип-13, Куманово-осум, Виница-четири, Кавадарци, Берово и Свети Николе по три, Кичево-два, Струга и Кочани по еден. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се и 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Тетово-17, Свети Николе-17, Штип-11, Гостивар-девет, Радовиш-пет, Кавадарци-три, Куманово, Дебар, Велес, Охрид и Кочани по еден.

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Во Скопје има најмногу активни случаи на Ковид-19 – 1.363, во Штип – 430, Гостивар – 282, Куманово – 269, Тетово – 220, Струга – 203, Свети Николе – 151, Дебар – 117, Кичево – 108.

Скопските општини Чаир и Аеродром се со најмогу активни случаи, следат Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар, Шуто Оризари. Во Чаир има 168 активни, Аеродром – 156, Кисела Вода – 148, Гази Баба – 137, Карпош – 118, Центар – 116, Шуто Оризари – 115.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и седум пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември” вкупно хоспитализирани се 95 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на Ковид -19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19. Крвна плазма, посочи тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

– Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша вчера Филипче на ФБ.

The post Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 500, Чаир и Аеродром со најмногу активни случаи appeared first on Слободен печат.


Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 500, Чаир и Аеродром со најмногу активни случаи was first posted on август 4, 2020 at 7:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....