7.8 C
Скопје
00:54 - 28 април, 2024

Бројот на оздравени поголем од тој на новозаразени, од новите случаи најмногу регистрирани во Гостивар

Намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше 39 нови случаи од направени 817 тестирања.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека вчера биле регистрирани 39 оздравени пациенти од корона вирусот, односно бројот на оздравени е поголем од тој на новозаразените, а починаа уште четворица пациенти.

Од новите случаи позитивни на коронавирус најголем број се во Гостивар, 11, по што следат Прилеп со осум, Скопје со седум, Куманово со три, Гевгелија и Кочани по два, како и по еден во Кратово и Свети Николе. Од оздравените пациенти најголемит број се во Штип – 46, Скопје и Гостивар со по шест оздравени пациенти, па следи Кичево со 4, Тетово со 3, Виница 2, и по еден оздравен пациент во Струга, Битола, Гевгелија, Кочани и Пробиштип.

Во болничките капацитети моментно се хоспитализрани 139 пациенти.

На Инфективната клиника биле примени нови седум пациенти. Таму  вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест  позитивни деца, три  мајки и три деца суспектни на вирусот.

Примени се двајца пациенти и во ГОБ „8 Септември”, каде вкупно се хоспитализирани 38 пациенти, од кои еден е на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 14 330,  бројката на оздравени пациенти е 11 062, а на починати е 600. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 668.

The post Бројот на оздравени поголем од тој на новозаразени, од новите случаи најмногу регистрирани во Гостивар appeared first on Слободен печат.


Бројот на оздравени поголем од тој на новозаразени, од новите случаи најмногу регистрирани во Гостивар was first posted on август 31, 2020 at 7:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....