3.8 C
Скопје
18:39 - 18 декември, 2024

Бројот на новозаразени и натаму висок, Филипче информира дека секаде каде се попуштаат мерките пандемијата не спласнува

Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на емидемијата, досега, изнесува 6.787, починати се 328 пациенти, а излекувани се 2.876.

Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да не се групираат, да држат дистанца од два метра, да носат заштитна маска или покривка на устата и носот, често да ги мијат или дезинфицираат рацете, бидејќи, како што посочуваат, тоа е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека пандемијата никаде во светот не спласнува, има се повеќе новозаразени, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки.

Бројот на активни случаи во државава изнесува 3.583. Најголем број од активните случаи се во Скопје – 1.983, следат Тетово – 406, Куманово – 232, Охрид – 161, Штип – 160, Струга – 147 активни случаи… Од скопските општини најголем број активни случаи има во Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.

На Универзитетската клиника за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои на кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември” вкупно се хоспитализирани 130 пациенти од кои на респираторна машина се девет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираа дека тестови за брза дијагностика веќе се распределени и тие почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција. Овие тестови овозможуваат за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

The post Бројот на новозаразени и натаму висок, Филипче информира дека секаде каде се попуштаат мерките пандемијата не спласнува appeared first on Слободен печат.


Бројот на новозаразени и натаму висок, Филипче информира дека секаде каде се попуштаат мерките пандемијата не спласнува was first posted on јули 4, 2020 at 8:08 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....