16.8 C
Скопје
23:46 - 29 септември, 2026

Дејвид Боуви пред да почине, долго време се борел со рак на панкреасот

Легендарниот британски пејач Дејвид Боуви, шокантната вест дека има рак на панкреасот им ја соопштил на малкумина свои најблиски пријатели, соработници и членови на потесното семејство.

За сите други, веста дека Дејвид е болен останала скриена. Тој до самиот крај работел на издавањето на својот најнов албум и комплетно му беше посветен на музицирањето.

Боуви почина на возраст од 69 години, на 10 јануари 2016, по битката со ракот. Според официјалната објава на денот на неговата смрт, наведено беше дека пејачот починал опкружен со своето семејство по храбрата 18-месечна битка со ракот.

Овој исклучителен уметник, до последниот ден од својот живот, ја криеше шокантната вистина од своите следбеници и од својата публика, па токму на денот на прогласувањето на неговата смрт, сите беа шокирани.

За да биде иронијата поголема, славниот музичар, кој е познат по голем број хитови, само неколку денови пред смртта, пред публиката го претстави својот тогаш најнов и за жал последен албум именуван како „Блекстар“.

Instagram

Помеѓу луѓето што ја знаеле здравствената состојба на Дејвид, бил и Иво ван Хове, долгогодишен соработник на Дејвид, со кој заедно работеле на мјузиклот „Лазарус“.

– Еден ден ме тргна настрана и ми рече дека наскоро ќе почне почесто да отсуствува од работата бидејќи е болен – изјави тој.

Меѓу другото, тој посочил и дека Дејвид постојано се обидувал болеста да не придонесе кон намалување на неговата работоспособност.

Во средината на 2015 година, во еден момент Дејвид дури и бил сигурен дека ја победил болеста, но, за жал, при крајот на истата година, лекарите рекле дека, за жал, нивните оптимистички прогнози не се оствариле и дека на пејачот не му останува уште многу…

По смртта на Дејвид било извршено негово кремирање, кое било направено само во кругот на потесното семејство.

EPA/Tommy Hilfinger Corporation

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....