-1.2 C
Скопје
23:28 - 25 ноември, 2024

Борбите во Нагорно-Карабах не запираат: Двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето

Во Нагорно-Карабах во 12 часот по локално време (10 часот по средноевропско време) стапи во сила прекинот на огнот, во согласност со постигнатиот договор во Москва.

Но, и покрај постигнатиот договор двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето и продолжуваат со нападите.

Договорот за прекин на огнот е постигнат на вчерашната трилатерална средба во Москва на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан.

Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах (ВИДЕО)

Договорот предвидува со посредство на Црвениот крст да бидат разменети воените заробеници, повредените и телата на загинатите.

Во Москва договорено е и да продолжат разговорите за траен прекин на огнот.

Преговорите во Москва, на кој учествуваа азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и шефот на ерменската дипломатија Зораб Мнацаканијан, траеја 10 часа.

На иста маса во Москва – трилатерален состанок за Нагорно Карабах

Обновените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември. Двете земји прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавуваат жртви, вклучително и цивили.

Судирот помеѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах прогласи независност од Азербејџан. За време на судирите од 1992  до 1994 година Азербејџан изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони. Од 1992 година се одржуваат преговори за мирно решавање на судирите во рамките на Организацијата за безбедност и соработка Минск групата,со која претседаваат Русија, САД и Франција.

The post Борбите во Нагорно-Карабах не запираат: Двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето appeared first on Слободен печат.


Борбите во Нагорно-Карабах не запираат: Двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето was first posted on октомври 10, 2020 at 11:55 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....