21:34 - 22 декември, 2024

БИЛ КЛИНТОН ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НАЈПОЗНАТАТА АФЕРА: Со Моника бев поради стресот, а кога ѝ кажав на Хилари се расплакав

Нов документарен филм за Хилари Клинтон откри нешто повеќе за најпознатиот секс-скандал во Белата куќа – аферата на нејзиниот сопруг Бил Клинтон и Моника Левински.

Поранешниот претседател на САД во документарниот филм рече дека, кога ја запознал Моника, бил под голем стрес поради работата и аферата со неа му помогнала да се носи со своите проблеми и да ги „пренасочи мислите од проблемот“.

Фото: Профимедиа

Клинтон објасни дека аферата која речиси ја уништи неговата кариера била начин да се избори со анксиозноста и притисокот кој го чувствувал за време на водењето на државата.

Се чувствувал, како што вели, како боксер по 30 рунди, па романсата со тогаш 22-годипната Моника Левински му била начин накратко да се опушти.

„Никој не размислува за ризикот“, раскажа Клинтон во четиричасовниот документарец кој ќе биде објавен денес.

Исто така, Клинтон овојпат јавно ѝ се извини на Левински и додаде дека му е жал оти станала позната во светот поради нивната врска. Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика многу негативни реакции откако рече дека на Левински не ѝ должи јавно извинување.

Во документарниот филм открива и како во 1998 година морал сѐ да ѝ раскаже на сопругата Хилари, по што следувало и мачно брачно советување.

„Седнав на креветот и зборував со неа. Ѝ кажав што сѐ се случи и кога се случи. Реков дека се чувствувам многу лошо, поминавме многу работи во изминатите неколку години. Тоа што го направив не може да се прости“, раскажа Бил.

Хилари исто така го прокоментира скандалот пред камерите.

„Бев скршена, ова ме повреди толку многу што не можев да поверувам…Не можев да верувам дека ме лажеше“, ракажа таа и додаде дека во тој момент му рекла на Бил дека мора да ѝ каже и на ќерката што направил, што му ја направила ситуацијата уште потешка.

 

На прашањето зошто го ризикувал бракот, семејството и кариерата, Бил во документарниот филм рече дека во тој момент не воопшто не размислувал за тие работи. Како што вели, притисокот од должностите во Белата куќа бил преголем и му требало нешто за да му го одвлече вниманието.

Фото: Википедиа

„Тоа не е моето оправдување, само објаснување. Се чувствувам ужасно“, вели тој.

По сите настани, Бил и Хилари посетиле брачен советник. Хилари рече дека тие сеанси биле полни со „болни расправи“, а Бил се сложи со неа.

„Советувалиштето беше најтешката работа која морав да ја направам, но тоа беже неопходно. Таа го заслужи тоа, како и нашата ќерка Челси“.

The post БИЛ КЛИНТОН ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НАЈПОЗНАТАТА АФЕРА: Со Моника бев поради стресот, а кога ѝ кажав на Хилари се расплакав appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....