До најновите случаи на заразени лица, тенденцијата на активни случаи на коронавирус во Тетово беше во опаѓање. Како што вели градоначалничката Теута Арифи, се работи за случаи, не само во градот, туку и околните села, на граѓани кои обврските ги извршуваат во Тетово.
-Со новите случаи добиваме уште нови извори на ширење на заразата. Се работи за едно поголемо семејство од Боговиње и два нови случаи во самиот град, што покажува тенденција за проширување. Апсолутно вирусот е добиен поради непочитување на мерките, односно од директен контакт, информираше Арифи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Во однос на верските здруженија, таа вели тие се држеле до препораките на властите, но дека сепак се работи за независни субјекти.
-Нашите мерки како штаб секогаш биле испочитувани од верските здруженија. Но, почитуваме дека тие се независни институции и имаат потреби во однос на нивното функционирање. Но, треба на сите нас да ни биде јасно дека контактите се проблемот во однос на проширувањето на случаите и треба да се најдат начини се да функционира како што треба, но тоа не треба да значи дека олабавувањето треба да ни донесе поголеми проблеми, бидејќи можеме да се вратиме пак кон истата ситуација на рестрикции, изјави Арифи.
Во однос на изборите, нејзината партија, ДУИ, е за избори во „реално време“.
-Ние не сме за одлагање, туку сме за избори во реално време, бидејќи свесни сме дека целиот овој процес е комплициран во ситуација кога Парламентот е разрешен, кога владата е привремена и сме кажале дека за условите за избори треба да се произнесат здравствените експерти. Има институции кои се компетентни да го кажат тоа, а ние сме подготвени како политичка партија, рече Арифи.
The post Арифи: Добиваме уште нови извори на ширење на заразата во Тетово, ДУИ е за избори во реално време appeared first on Слободен печат.