Цел Твитер врие со коментари за македонското судство, во кое е опишано со погрдни зборови, поради пресудите кои се носат.
Имено, тетовката Наташа Апостолоска која доживеа вистинска трагедија на 12 октомври 2018 година кога нејзиниот сопруг загина во тешка сообраќајна несреќа кај Млечен, во која беше повредена и самата Апостолоска, бурно реагира за денешната пресуда.
-Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!, регира на Твитер оштетената Наташа Апостолоска од Тетово.
Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!
— Natasha Apostoloska (@napostoloska) September 4, 2020
Во сообраќајката Апостолоска го загуби сопругот и нероденото бебе, а и самата се здобила со тешки телесни повреди.
Таа во коментари вели дека и самата е адвокат и дека е огорчена од пресудата во која виновникот кој и ги одзел и е причинител на несреќата, е ослободен и нема да сноси никаква одговорност.
-Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа. Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот- пишува Наташа.
Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа.
Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот.— Natasha Apostoloska (@napostoloska) September 4, 2020
Апостолоска неодамна исто така доживеа семејна трагадија, кога почина нејзиниот татко заболен од ковид-19. Таа за „Слободен печат“ своевремено ја раскажа голготата низ која морале да минат, без да присустваат на погребот на својот татко заболен од коронавирусот.
Потресна исповед на Наташа од Тетово: Го изгубивме татко ми, ни забранија да му отидеме на погреб
The post Апостолоска: Ми ги одзеде и сопругот и бебето, а доби условна казна и во целава приказна тој е жртва! appeared first on Слободен печат.
Апостолоска: Ми ги одзеде и сопругот и бебето, а доби условна казна и во целава приказна тој е жртва! was first posted on септември 4, 2020 at 5:04 pm.