3.8 C
Скопје
07:40 - 15 ноември, 2024

(АНКЕТА) Граѓаните се жалат: За пасош ми велат дека треба да чекам два месеци

Деновиве во јавноста е многу актуелна темата околу вадењето на лични документи, особено пасоши. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека на располагање имаат 3.400 пасоши кои ќе се издаваат само на итни случаи се до 24 март кога очекуваат да пристигнат 100.000 нови обрасци за пасоши.

„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните дали и какви проблеми имаат при вадењето на личните документи.

– Треба да извадам пасош, лична карта и возачка и имам проблеми, затоа што не можам да ги добијам. Се имам фотографирано на 17 овој месец, но ми велат дека треба да ги чекам два месеци. Ми велат дека личната карта ќе ја добијам побрзо, но не и пасошот – вели една револтирана граѓанка.

Друга наша соговорничка ни кажа дека има закажано термин по редовна постапка за месец и половина за вадење на патна исправа за која и рекле дека ќе ѝ биде готова за 15 работни дена. Исто така ни рече дека се надева дека ќе биде решен актуелниот проблем и дека ќе го добие пасошот.

Поднесувањето на потребните документи за лична карта и возачка дозвола, според граѓаните, се одвива нормално.

– Поднесов за лична карта и за возачка. Слушнав од медиумите дека имало некакви проблеми, но се надевам дека нема да имам никаков проблем при вадењето – ни изјави нашата соговорничка.

Погледнете ја целата анкета која ја направи „Слободен печат“.

The post (АНКЕТА) Граѓаните се жалат: За пасош ми велат дека треба да чекам два месеци appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....