0.8 C
Скопје
05:59 - 25 декември, 2024

Андоновиќ: Светот за првпат во историјата спроведува избори во услови на пандемија (ВИДЕО)

И покрај растечката бројка на новозаразени и починати од коронавирусот, во светот изминативе недели започнаа, сѐ  уште траат или наскоро ќе се одржуваат избори. Според статистиката во овој период од годината, регистрирани се околу 50 изборни процеси низ светските меридијани.

Само во регионот на Балканот, се одржаа или се закажани избори во речиси сите држави кои приизлегоа при распадот на поранешна Југославија. Парламентарни локални и покраински избори се одржаа во Србија. а само 10 дена подоцна и во Хрватска. Според календарот на изборните процеси, следуваат парламентарни избори во Црна Гора, закажани за 30 август и локални избори во Босна и Херцеговина и Република Српска.

Она што е заедничко за сите овие избори е дека за првпат, процесот на гласање се одвива под специјално воведените здравствени протоколи, односно задолжително маски, хигиенски средства и, изборите траат многу подолго во денот отколку што тоа во минатото беше стандард.

Што се однесува од останатите држави, Франција спроведе парламентани избори, а избори за нов претседател, викендов беа организирани и во Полска.

Се чини дека финалето на светските изборни процеси, и по дата и по важност годинава ќе се заокружи со претседателските избори во САД, закажани за 3 ноември кога ке биде познато дали Трамп или можеби Бајден ќе влезат во Белата куќа.

Во јавноста беше поставена дилемата дали изборите воопшто треба да се одржуваат ако се земе во предвид растечката бројка на заболени од коронавирусот.

Во државите каде изборите треба да се одржат како што се Црна Гора, Босна и Херцеговина, и САД се бележат рекордни бројки на новозасболени.

Црна Гора во моментов важи како држава со најголем број на заразени по глава на жител. Растечки број на инфицирани од Ковид 19 има и во Босна и Херцеговина и Република Српска.

Информаците укажуваат дека три сојузни држави со САД, Флорида, Алабама и Тексас се рекордери по новозоаболени на дневно ниво. Сите овие паралемтри дополнително ќе го отежнат изборниот процес кој веќе е закажан, и за кој во моментов траат изборните кампањи.

Државите како Србија и Хрватска засега немаат официјални бројки за тоа колку новозаболени се заразиле од корнавирусот за време на изборите. Моменталните бројки на заболени, според надлежните, се резултат на верските празници кои изминативе месеци беа празнувани и на кои, и покрај апелите , имаше масовни собирања и посети по домовите. Се чекува допрва да излезат бројките од евентуалните новоинфицирани лица како резултат на спроведувањето на изборните процеси.

Во некои држави како Србија и Бугарија, може да дојде и дополнителна бројка на заболени како резултат на граѓанското незадоволство и постизборните протести низ улиците.

Останува да се види колку изборите, кои де факто беа неопходно, придонеле за евентуално зголемување на бројката на заразени од коронавирусот, но и колку медицинските протоколи, воведени како превентива за време на гласањето биле успешни.

The post Андоновиќ: Светот за првпат во историјата спроведува избори во услови на пандемија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Светот за првпат во историјата спроведува избори во услови на пандемија (ВИДЕО) was first posted on јули 15, 2020 at 10:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....