2.8 C
Скопје
19:56 - 23 декември, 2024

АНАЛИЗА Андоновиќ: Руската паравојска „Вагнер Група“ го руши Лукашенко! (ВИДЕО)

Белорусија се сомнева дека 33 осомничени руски платеници кои завчера беа уапсени во таа држава, планирале да изведат терористички акции во пресрет на претседателските избори закажани за 9 август годинава.

На 10 дена пред одржувањето на изборите, каде според очекувањата ќе се изврши само резибор на досегашпниот претседател Александар Лукашенко, руските платеници според белоруските власти, имале за задача да направат хаос и да го оневозможат Лукашенко да добие уште еден претседателски мандат.

Белоруските безбедносни власти соопштија дека имаат сознанија дека низ Белорусија се распоредени најмалку уште 200 платеници од редовите на „Вагнер групата“ и дека во моментов белоруската полиција трага по нив.

Амбасадорот на Русија во Минск итно е повикан на информативен разговор за да образложи што е намерата на Москва, соопшти белоруската влада. Москва соопшти дека засега нема информации за тоа што се случува во Белорусија и дека ги проверува овие обвинувања од страна на Минск.

Во Белорусија за 9 август се закажани редовни престедателски избори на кои судејќи според досегашните случувања, единствен кадндиат најверојатно ќе биде актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко кој на претседателската функција се наоѓа точно 25 години најави дека очекува реизбор и продолжување на, како штио изјави досегашните успешни политики за напредок на оваа поранешна советска република. Другите двајца кандидати, кои како дел од опозицијата, требаше да излезат и да се спротивстават на актуелниот претседател, се оневозможени да учествуваат во изборниот процес.

Опозициониот лидер Валери Цепкало, кој минатиот месец ја напушти Белорусија, изјави дека белоруските власти не му даваат да се врати во земјата и дека му се закануваат дека ќе го уапсат.

Цепкало е поранешен белоруски амбасадор во САД и се сметаше за главен политички опонент и единсствен кандидат кој има шанси да го порази Лукашенко во претседателската трка. Но, пред две недели, властите во Минск му го ускратија правото неговото име да се најде на гласачкото ливче и да биде понудено како изборна опција на граѓаните на Белорусија.

Останатите кандидати на опозицијата кои требаше да се соочат со Лукашенко на овие избори Виктор Барбико и Сергеј Тикановски неодамна беа уапсени. Лукашенко е на власт полни 25 години во кои е соочен со жестоки критики од меѓународната заедница која го смета за диктатор.

Изминатиов период Лукашенко ги залади односите и со Москва, обвинувајќи го претседателот Путин лично, дека се обидува да ја спои Белорусија со Русија и така да ја укине државноста на Белорусија. Изминатиот период Лукашенко јавно ја нападна Москва дека ги зголемува цените на нафтата и гасот, со цел да го принуди Минск да ја прифати понудата Белорусија да стане составен дел од Русија.

Сепак јавноста се увери во расколот меѓу Лукашенко и Русија кога, на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и воената парада во Москва, Путин одби да се ракува со Лукашенко, упатувајки сигнал дека Лукашенко веќе нема руска поддршка.

Од тогаш, Минск обвинува дека Русија и Путин сакаат да да го сменат Лукашенко, кого го нарекуваат и последниот диктатор во Европа. Сега Лукашенко, раководејќи се по примерот на Црна Гора, кога пред 4 години исто така Русија беше обвинета дека се обидела да направи државен удар и да го спречи влегувањето на Црна Гора во НАТО, сега обвинува дека се исплатени над 200 припадници на озогласената Вагнер група да го ликвидира и да влијае врз изборот на новиот белоруски претседател.

Инаку, Вагнер групата е составена од врвно обучени воени платеници, повеќето поранешни припадници на специјалните руски воени и полициски сили, кои за огромни финансиски средства се изнајмуваат за изведување на воени операции во странство. Вагнер групата според извештаите се ангажира таму, каде регуларната руска армија не смее да интервенира, или каде Москва треба да ги заштити своите интереси, но како неофицијална политка.

Оваа паравоена формација е во сопствеништво на Јевгениј Пигожин, човек близок до рускиот претседател Путин. Вагнер групата беше ангажирана во Сирија, Судан, Венецуела и Украина, каде се бореше за руските државни интереси но никогаш не беше сметана како официјално руско мешање воп внатрешните работи на овие држави. Примерот за тоа е анексијата на полуостровот Крим, кога бројни воени сили , бездржавно обележје го окупираа овој дотогаш Украински полуостров и подоцна го припоија кон Русија.

Проследете го целиот разговор со Дејан Андоновиќ:

Десетици илјади граѓани излегоа на опозицискиот протест во пресрет на изборите во Белорусија

 

The post АНАЛИЗА Андоновиќ: Руската паравојска „Вагнер Група“ го руши Лукашенко! (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


АНАЛИЗА Андоновиќ: Руската паравојска „Вагнер Група“ го руши Лукашенко! (ВИДЕО) was first posted on јули 31, 2020 at 9:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....