17.8 C
Скопје
11:24 - 2 мај, 2024

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“

Димитар Дангов, адвокат на Миле Јанакиески, обвинет во случајот “Шамарите во Центар” на денешното рочиште каде одбраната ги изнесува завршните зборови рече дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда.

– ОЈО да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда. Делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според Законот. Во обвинителниот акт нема ниту еден доказ за тоа дека тој сторил некакво кривично дело – изјави меѓу другото адвокатот Дангов.

Анализирајќи го обвинителниот акт, адвокатот Дангов рече дека обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина за обвинетиот негов клиент.

Дангов рече ако тоа не го стори обвинителството, предложи судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.

– Не е фер да сте обвинети, а потоа тоа не важи и се повлекува. Во делот за својството на Јанакиески се внесуваат квалификации и тоа само субјективно без докази со единствена цел да се зголеми вината кај Јанакиески – нагласи адвокатот на Јаналиески.

Дангов нагласи дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.

-Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар, рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

The post Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“ appeared first on Слободен печат.


Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“ was first posted on септември 28, 2020 at 11:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....