4.8 C
Скопје
11:00 - 24 декември, 2024

Војна околу наследството на Ален Делон: Синовите сакаат да го поништат тестаментот

300те милиони долари наследство неговите синови сметаат дека се нерамномерно распределени.

Филмската легенда Ален Делон почина на 88-годишна возраст, по долго и тешко боледување, а последните месеци од неговиот живот не поминаа мирно, со оглед на тоа дека неговите деца водеа вистинска војна околу наследството.

Тажната вест ја потврдија неговите три деца, наведувајќи дека тој починал опкружен со нив, а и покрај заедништвото во последните моменти, двајцата браќа и сестра со месеци воделе вистинска војна за наследството, иако Делон се уште бил жив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alaindelonjr (@alainfabiendelon)

Имено, Ален-Фабијен Делон (29), најмладиот син на Ален Делон, на 22 декември минатата година поднел тужба против неговата сестра Анушка (33), обвинувајќи ја дека ја искористила лошата здравствена состојба на нивниот татко. Семејната караница ескалирала кон средината на јануари, кога Антони Делон (59), најстариот син на актерот, со поддршка на Ален-Фабијен, побарал официјален преглед на здравствената состојба на Ален.

Да потсетиме, Делон во 2019 година имаше тежок мозочен удар, по што не беше во можност да се грижи за себе.

Во саботата, на 13 јануари, судските службеници испратија лекар во куќата на Ален Делон за да ја утврдат неговата состојба, на барање на неговите синови. Но, Антони Делон за медиумите го оспори и изборот на лекарот и начинот на кој е објавено вештачењето, тврдејќи дека тоа го направил општ лекар, а не лекар заведен на списокот на вештаци на Апелацискот суд. Тој го осуди и присуството на неговата сестра Анушка на овој преглед.

Од друга страна, адвокатот на Ален Делон истакна дека актерот самиот ја донел одлуката за присуството на неговата ќерка и тврди дека не ја изгубил луцидноста, како што тврдеа неговите синови, туку дека е само со физички намалени способности, пренесува „Ле Паризиен“. .

– Не се согласувам со неговите синови, кои сакаат да го стават под старателство. Ми се чини дека е тоа непотребно и одвратно. Ви кажувам дека се уште е при себе. Ален Делон е помалку способен од порано, но сепак е со нас – изјави неодамна Кристоф Ајела, адвокатот на 88-годишниот актер.

Ова не е крајот на драмата; Се појавија смс пораки од јули минатата година кои сестрата ги разменувала со браќата, а преку кои се добива впечаток дека двајцата не сакаат Делон да оди на понатамошно лекување, туку инсистираат да го опкружат со љубов на семејниот имот. Од друга страна, Анушка по секоја цена сакала нејзиниот татко да продолжи со терапија и лекување.

Сапуницата на семејството Делон, односно лутата војна меѓу браќата и сестрите траеше со месеци, а сето тоа поради огромното наследство на филмската ѕвезда, кое изнесува околу 300 милиони долари. Браќата Делон тврдат дека тестаментот е далеку поповолен за нивната сестра.

– Сестра ми ќе наследи 50 отсто од целото богатство на татко ми. Јас и брат ми сме она што го нарекуваме резервен дел, така што секој од нас ќе има по 25 проценти од наследството – изјави Антони.

Инаку, иако тоа не беше официјално потврдено, се веруваше дека Делон во последните месеци боледувал од лимфом, малигно заболување на крвта и дека неговата здравствена состојба рапидно се влошила во последната година од животот.

Да потсетиме, актерот го има синот Антони во брак со француската актерка и модел Натали Делон, а ќерката Анушка и синот Ален-Фабиен се од врската со холандската манекенка Розали ван Бремен.

 

Слични објави

Сопругата на Ѓани доживеала серија мозочни удари: „Таа е моето сонце, не би сакал ништо да ѝ се случи“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави снимка од средно училиште стара 15 години: Еве како изгледала и што зборувала тогаш

Еспресо

Хороскоп за 24 декември: Близнаците ќе имаат интересен флерт со нова личност

Еспресо

Позната српска пејачка реши да преработи песни на Марина Туцаковиќ: Фута конечно откри што мисли за тоа

Еспресо

Позната состојбата на Милиќ Вукашиновиќ: На рокерот му беше ампутирана ногата, еве каде е сега и како се чувствува

Еспресо

(Фото) „Без филтери“: Јована Јеремиќ сподели необработена фотографија и покажа како навистина изгледа

Еспресо
Се вчитува....