14:28 - 19 декември, 2025

(Видео) „Ти си ми најдобрата одлука“: Синот на Миа Костова го прослави 13 роденден!

Инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова со емотивна објава на социјалните мрежи го прослави 13. роденден на својот син Андрија, кој од сега официјално е тинејџер.

Роденденот го дочекале на летување во камп во Грција, каде што Андрија славеше со торта, пријатели на својата мајка и другарчиња од кампот. Костова сподели неколку фотографии од моментот пред Андрија да ги дувне свеќичките.

„Сум имала простор за многу одлуки во животот. Тој е мојата најдобра животна одлука. Тој си дојде како ѕвезда без прашање, а денес е моето небо и одговор на секое прашање. Неговото ‘мама’ е моето постоење. Те сакам сине! Биди само ваков, здрав и жив, мама има една магична метла да чисти сè пред тебе и зад тебе. Засекогаш“, напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во свој препознатлив стил, Костова објави и кратко видео во кое на шеговит начин прикажува како нејзиното „мало дете“ веќе е повисок од неа. Во видеото прво се појавува сама, со натпис: „Му кажав дека имам син и ме праша дали е тригодишен“, по што го повикува Андрија и се гушкаат насмеани.

„Брзо растат, нели?“, стои во описот на видеото кое брзо ги освои симпатиите на нејзините следбеници.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го покажа домот, еден детаљ привлекува внимание

msp-admin

(Фото) Згодната Србинка на мета на критики поради ботоксот: Софија Мило нападната на социјалните мрежи!

Еспресо

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо
Се вчитува....