6.8 C
Скопје
18:15 - 19 февруари, 2026

(Видео) Продадена е куќата на Метју Пери во која почина: Еве која славна личност ја купи и за која цена

Куќата на ѕвездата од серијата „Пријатели“ Метју Пери во која живееше до смртта е продадена за солидна сума, објави Њујорк Тајмс.

Имотот на починатиот актер од 325 квадратни метри во Лос Анџелес сега му припаѓа на друг славен сопственик. Имотот е купен за 8,5 милиони долари од страна на инвеститорот и филмски продуцент Анита Верма-Лалијан.

Сега продуцентката поседува пространа куќа со четири спални соби, неколку бањи, тераса со базен и џакузи – во кое беше најден мртов Пери во октомври минатата година.

Патем, Пери го купи овој имот во 2020 година. Тогаш тој платил 6 милиони долари за него и променил многу работи во куќата додека живеел во неа.

Потсетуваме, Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година. Неговото безживотно тело било пронајдено во џакузиот во дворот на куќата. Имаше само 54 години. Според судскомедицинскиот преглед, причина за смртта е „акутно дејство на кетамин“ врз телото.

Летото оваа година, во САД, полициските службеници уапсија петмина осомничени во случајот со смртта на ѕвездата од серијата „Пријатели“. Тоа биле: асистентот на актерот, двајца лекари, неговиот пријател и една девојка која ја нарекуваат „кралица на кетаминот“. Овие луѓе веројатно го снабдувале Пери со количества на наркотични супстанции, што на крај довело до трагедијата. Истрагата моментално е во тек.

Слични објави

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....