8.8 C
Скопје
14:53 - 27 март, 2026

(Видео) Четири години без јутјуберката Кика Ѓукиќ: Тагата на мајката Наташа не стивнува, ја покажа нејзината соба 

Српската јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ трагично почина на 8 декември 2021 година, а денеска нејзините најблиски обележуваат години откако не е меѓу нив.

Нејзината мајка, Наташа, многупати гостувала во емисии, отворено зборувајќи за тоа колку ѝ недостасува нејзината ќерка. Деновиве, на социјалните мрежи се појави и емотивно видео, во кое Наташа покажува како изгледа собата на Кристина денес.

За Наташа, времето како да застанало — таа веќе четири години живее со ненадоместливата загуба на својата миленичка.

– Нејзиниот компјутер, нејзините слушалки, сè розово, нејзиниот стол… Кога ќе дојде тој датум, застанувам и си велам: „На 8 декември 2021 година, на мојот 59-ти роденден, и таа се родила некаде“ – рекла мајката на Кика.

 

@blknexposing KIKA!#viral #balkan #hrvatska #foryou #srbija ♬ original sound – BLKNexposing


Мајката на Кристина во една прилика рекла дека нејзиното здравје многу ослабело по смртта на нејзината ќерка Кика.

– Вистина е, откако почина Кика, мојот имунитет падна и се движам многу лошо. Се спремам за операција на колк, конечно дојдов на ред… На таа листа сум пет години Веќе имав три операции. Ми се појавија цисти и беше утврдено дека колковите ми се распаѓаат. Меѓутоа, имам сила во себе да да истраам и понатаму – заклучила тогаш Наташа.

Младата Кика Ѓуѓиќ пред четири години си го одзеде животот.

 

Слични објави

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо
Се вчитува....