12.8 C
Скопје
13:45 - 18 декември, 2024

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

Француските медиуми пишуваат за тајниот план на принцот Рение да го „протера“ синот: покојниот владетел на Монако мислел дека Алберт нема да се снајде со оваа работа. И сериозно размислувал да ја направи принцезата Каролина негова наследничка кон крајот на 90-тите, се тврди во неодамна добиен медиумски извештај, пишува Дејли Мејл.

Поранешниот принц Рение од Монако (таткото на принц Алберт), кој почина во 2005 година на 81-годишна возраст, побарал правен совет кон крајот на 1990-тите за тоа како ќе продолжи линијата на наследување доколку неговиот наследник, принцот Алберт, биде сменет во корист на неговата постара сестра, принцезата Каролина.

Францускиот весник „Ле Монд“ пишува дека Клод Палмеро, човекот задолжен за финансиите на палатата повеќе од две децении до неговото разрешување минатото лето, ги потврдил гласините дека принцот Рение размислувал да ги промени законите за наследување на тронот во годините пред неговата смрт.

Извештајот го цитира писмото од 2001 година напишано од принцот Рение до Патрис Даво, шеф на судската служба во Монако, кое ја потврдува содржината на состанокот на кој требало да разговараат за тоа како името Грималди односно тронот да го преземе принцезата Каролина, прескокнувајќи го принцот Алберт.

Според весникот, писмото пак, на господин Даво до принцот Рение гласи: „Со вас ги споделив моите истражувања и размислувања за следното прашање поставено до мене: како да се обезбеди континуитет на династијата Грималди во случај на пристапување на вашиот внук Андреа на престолот по одбивањето на принцезата Каролина од правата на круната?“

Принцот Рение Трети не верувал дека неговиот син принцот Алберт, кого често го понижувал во јавноста, е способен да стане принц и да владее со Монако, пишува „Ле Монд“.

Рение не верувал во својот син толку многу што Алберт на крајот се изолирал и дури почнал да пелтечи.

Приказната, која принцот Алберт веќе ја нарече „глупост“, е изнесена во тетратките на Клод Палмеро, кои весникот ги објави на крајот на јануари. Весникот тврди дека г-дин Палмеро потврдил дека Рение планирал да ја постави својата ќерка Каролина на тронот.

Алберт минатата година го отпушти Клод Палмеро. Но, тој не предвидел дека сметководителот на палатата ќе се навреди и ќе оди директно кај новинарите со своите тефтери.

Тој веќе зборуваше за преголемите трошоци на принцезата Шарлин. Па дури и пријавил дека ангажирала илегални имигранти.

Жерар Дејвет, истражувачки новинар на Ле Монд, изјави дека Алберт се обидува да избегне конфликти, па затоа ѝ дава на сопругата се што ќе побара. Шарлин од своја страна е многу осамена во палатата и затоа постојано троши пари.

Клод Палмеро се обиде да го спречи тоа, што, очигледно, била причина за неговиот скандалозен отказ.

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....