7.8 C
Скопје
23:21 - 30 март, 2026

Се ожени српскиот рапер Девито: Гостите на свадбата потпишале договор за да не откриваат детали од свадбата

Српскиот рапер Давид Љубеновиќ, на јавноста познат како Девито, се верил со својата девојка пред неколку месеци, а како што пишуваат српските медиуми, вчера тој и неговата вереница и официјално стапиле во брак.

Девито свадбата ја организирал во апсолутна тајност, а од своите 70-тина гости побарал да потпишат договор за доверливост. На гостите им било забрането да користат мобилен телефон, за да не се појават снимки и фотографии во јавноста.

Свадбата била организирана во познат ресторан во Белград, а меѓу познатите од сцената биле поканети само раперот Ем-Си Стојан и пејачката Теодора Џехверовиќ.

Вработените во ресторанот каде била организирана венчавката на новинарите им рекле дека не смеат ништо да коментираат бидејќи потпишале договор за доверливост.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....