14:57 - 5 декември, 2025

Најново истражување: Луѓето кои имаат по две деца живеат најдолго!

unsplash

Децата се вистински благослов за родителите. Познатата изрека која гласи „две глави се подобри од една“ научниците се обидуваат да ја докажат со ова истражување.

Истражувачите откриле дека имањето деца е поврзано со долгорочноста на родителите. Со направена анализа на мажи и жени родени меѓу 1911 и 1925 година и нивните деца, заклучиле дека со поддршката од синовите и ќерките, повозрасните родители имаат помалку стрес, што значи дека имаат подолг живот.

Друго многу интересно истражување открило дека мајките на две деца живеат подолго од жените кои имаат едно дете или немаат воопшто.

Да се има две деца е еднакво значајно и за жените и за мажите. Истото истражување го анализира и споредува бројот на деца со животниот век на мажите. Резултатот покажува дека споредено со татковци на едно, пет или повеќе деца, татковците на две деца живеат подолго.

Unsplash

Истото важи и за посвојувањето. Придобивките се изненадувачки и воздигнувачки. Жените кои посвоиле две деца имаат уште подолг животен век од биолошките мајки. И во споредба на бројот на посвоени деца и животниот век на родителите, тие со две деца напредувале подобро споредено со оние со едно дете или на пример четири посвоени деца.

Друг интересен заклучок е дека посвојувањето дете може да додаде 3 екстра години во животот на мајката. Посвојувањето на две или три деца може да додаде плус 5 години живот. Ова исто може да биде објаснето со поддршката што децата им ја даваат на родителите.

Што е уште позачудувачко е какво влијание има посвојувањето деца од различни културолошки позадини. Истото истражување ги споредува потеклото на децата кои биле посвоени со долгорочноста на нивните родители. Мајките и татковците кои посвојуваат деца од други држави или континенти имаат значително подолг животен век споредено со тие кои посвојуваат од истата држава, пишува „Brightside“.

Слични објави

Денеска ќе наполнеше 48 години: Ксенија Пајчин со себе понесе голема тајна во гроб

Еспресо

(Фото) Вака живее вистинската елита: Најубавата хрватска новинарка и водителка покажа како изгледа нејзиниот „просечен“ ден во Дубаи

Еспресо

Ава Карабатиќ жестоко по ријалити-индустријата: „Жените таму влегуваат за да си ја кренат цената за проституција“

Еспресо

(Фото) Вики Миљковиќ и Нермин во Истанбул: Средбата со турската ѕвезда ги заинтригира фановите

Еспресо

Дара Бубамара во последен момент не се појавила на гламурозен настан, причината била Сека Алексиќ

Еспресо

На Душко Тошиќ му цвета новиот бизнис – Собра милиони преку ноќ

Еспресо
Се вчитува....