2.8 C
Скопје
19:47 - 20 декември, 2024

Која е идната сопруга на БРУКЛИН БЕКАМ: Никол од лулка живее милионерски живот, во раскошни вили и приватни авиони, а богатството на Бекам е џуџе за она на татко ѝ!

Кога ќе стане сопруга на 22-годишниот фотограф, син на Викторија и Дејвид Бекам, 26-годишната актерка ќе се придружи на семејство од 450 милиони долари. Тоа се трошки за Никола, навикната од лулка на милионерски живот, детство и младост во луксузни куќи и вили, накитена со најскап накит, израсната меѓу бесценети уметнички дела и во приватни авиони.

Идната снаа на Дејвид и Викторија е всушност наследничка на многу богато американско семејство со богатство кое го надминува она на семејството Бекам, односно „тешко“ 1,3 милијарди фунти.

Никола, ќерката на поранешната манекенка Клаудија Хефнер и американскиот милијардер Нелсон Пелц, е најмладата од осумте браќа и сестри, од кои шест се момчиња.

Таткото, Нелсон, е отворен обожавател на Доналд Трамп и претприемач кој инвестирал во најважните компании во САД, а кој никогаш не го криел своето огромно богатство: во 2016 година, за Бар Мицва (ритуал на полнолетство) на двата сина близнаци, потрошил добри 800 илјади фунти.

Нелсон Пец добро ја чува својата приватност. Но, сега кога неговата најмлада ќерка е на прагот на венчавка а со тоа и ќе се приклучи на едно од најмедиумски ориентирани семејства, тој се најде под рендген на меѓународниот печат.

Меѓу другото, се дозна дека има импресивно портфолио со недвижнини. Неговиот дом во Палм Бич, на пример, може да се пофали со прекрасен парк од шест хектари покрај морето, додека неговиот главен замок лоциран во Бедфорд, надвор од Њујорк, е гигантска зграда со дваесет и седум соби и 52 хектари земја. Тука, соседи му се Трамп, Ралф Лорен и Џорџ Сорос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham


„Децата на Нелсон Пелц пораснаа во сјај, во огромни резиденции и со два приватни авиони на располагање“, откри семеен пријател за шпанското издание на Vanity Fair. „Тие се навикнати да имаат се. Нелсон бил повеќе склон да ги разгалува ќерките отколку момчињата. Особено Никол, најмладата, која порасна со повеќе пари од сите нејзини браќа, бидејќи богатството на нејзиниот татко многу се зголеми со текот на годините“.

Инаку, богаташката Никола Пелц е родена во 1995 година, и има не толку успешна кариера на глумица и моделка, но веруваме дека влегувајќи во семејството Бекан, набрзо ќе ѝ се лепат улогите и спонзорите.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....